1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Наука

Нобеловата награда за хемија за тројца научници

Ж.А. /агенции
5 октомври 2016

Нобеловата награда за хемија ја добија Французинот Жан-Пјер Соваж, Британецот Џејмс Фрејзер Стодарт и Холанѓанецот Бернард Феринга за развојот на молекуларни машини.

https://p.dw.com/p/2Qt8I
Schweden Bekanntgabe Chemie-Nobelpreis in Stockholm
Фотографија: Getty Images/AFP/J. Nackstrand

„Годинешните добитници на Нобеловата награда за хемија создадоа екстремно мали машини и навлегоа во нова димензија на хемијата. Тие развија молекули чија подвижност може да се контролира и кои можат да извршуваат зададени задачи ако за тоа добијат потребна енергија“, стои во денешното соопштение на жирито од Шведската кралска академија на науките во Стокхолм по повод доделувањето на наградата на Французинот Жан-Пјер Соваж, Британецот по потекло Џејмс Фрејзер Стодарт и Холанѓанецот Бернард Феринга.

Највисокото признание за хемичарите е дотирано со околу 830.000 евра. Од 1901 година Нобеловата награда за хемија досега ја добија 171 научник со просечна старост од 58 години (35 до 85 години). Еден од нив, Британецот Фредерик Сенгер, ја доби дури двапати. Меѓу носителите на високото признание досега беа четири жени, меѓу кои Марија Кири во 1911 година, која ги откри радиоактивните елементи полониум и радиум и ги истражуваше нивните карактеристики.

До понеделник ќе бидат соопштени и имињата на добитниците на наградите за мир и економија. Добитникот на наградата за книжевност ќе биде познат на 13. октомври.
Свеченото врачување на наградата традиционално се одржува на 10 декември, на денот кога почина основачот на финдацијата за доделување на признанието, Алфред Нобел.