1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нобеловата награда за хемија за тројца Американци

ЖА/дв/дпа/ртре9 октомври 2013

Мартин Карплус, Мајкл Левит и Ариех Варшел се добитниците на годинешната Нобелова награда за хемија, за нивниот придонес во разјаснувањето на комплексните хемиски процеси.

https://p.dw.com/p/19whK
Фотографија: Jonathan Nackstrand/AFP/Getty Images

Нобеловата награда за хемија оваа година оди во рацете на тројца американски научници: Мартин Карплус, Мајкл Левит и Ариех Варшел. Ова денеска (09.10.2013) го соопшти Кралската академија на науките од Шведска во Стокхолм. Ова високо признание тројцата научници го добија за разјаснувањето на одбивањето на повеќе сложени хемиски процеси.

Вчера Академијата ги одликуваше Британецот Питер Хигс и Белгиецот Франсоа Еглер со Нобелова награда за физика за предвидувањето дека постојат екстремно ситни атомски честички. Серијата на највисоки признанија продолжува утре со доделувањето на Нобеловата награда за литература, а в петок, за онаа за мир. Доделувањето на наградите традиционално ќе биде извршено на 10. декември, на денот на смртта на основачот на Нобеловата награда, Алфред Нобел.