Истражување на осцилациите на неутрините
6 октомври 2015Такааки Каџита од Јапонија и Артур Мекдоналд од Канада се добитници на годинешната Нобелова награда за физика за откривањето на неутрино осцилациите.
Кралската академија во Шведска соопшти дека двајцата научници дале клучен придонес во експериментите кои докажуваат дека неутрините го менуваат идентитетот.
Неитрините се честички кои летаат низ вселената речиси со брзина на светлината. Се формираат или ослободуваат при нуклеарни реакции во сонцето или ѕвездите, или во нуклеарните централи.
„Откритието го промени нашето знаење за најскриените случувања во материјата и можат да се покажат клучни во нашиот поглед за универзумот“, соопшти академијата.
Каџита, 56 години, е директор на Институтот за истражување на вселенските зраци и професор на Универзитетот во Токио. Мекдоналд, 72 години, е професор на Квинс универзитетот во Кингстон, Канада.
Утре Нобеловиот комитет ќе ја додели наградата за хемија, в четврток наградата за литература, наградата за мир в петок, а во понеделник следната недела и последната овогодишна, наградата за економија.