1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нобеловата награда за физика за истражувачите на ЛЕД светилките

АТ/ ард7 октомври 2014

Нобеловата награда за физика годинава им е доделена на тројца Јапонци. Тие одликувањето го добија за нивната научна работа на диодите кои штедат енергија.

https://p.dw.com/p/1DRa9

Нобеловата награда за физика оваа година оди во рацета на Јапонците Исаму Акасаки, Хироши Амано и Шуји Накамура. Тие ја добиваат наградата за развојот на диоди кои емитираат сино светло и кои овозможуваат извор на светлина кој штеди енергија. Ова го соопшти Кралската шведска академија за науките во Стокхолм.

Акасаки истражува на Меиџо-универзитетот во Јапонија, неговиот колега Амано истражува на Универзитетот од Нагоја. Во Јапонија родениот американски државјанин Накамура пак истражува на Универзитетот Калифорнија во Санта Барбара.

Откритието е старо 20 години. Меѓутоа работата на тројцата научници овозоможи белата светлина да се користи на сосема нов начин, соопшти академијата. Бидејќи во целиот свет една четвртина од електрицитетот се користи за осветлување, ЛЕД светилките кои штедат енергија придонесоа за да се поштедат суровините.

Највисоката награда за физика е дотирана со 880.000 евра (осум милиони шведски круни).

Вчера беа објавени добитниците на годинешната Нобелова награда за медицина, норвешкиот брачен пар Мосер и американскиот научник Џон О'Киф. Тие открија како функционира чувството за ориентација.

Свеченото врачување на наградите традиционално се одржува на 10. декември.