1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нобелова награда за литература за Харолд Пинтер

13 октомври 2005

Неочекувано решение на Кралската шведска академија

https://p.dw.com/p/AeUJ
Харолд Пинтер
Харолд ПинтерФотографија: dpa

Академијата, соопштувајќи го денеска решението, образложи дека англискиот драматург Пинтер во своите драми „ја разоткрива бездната под секојдневните разговори и го пробива влезот во затворените соби на угнетувањето“. Пинтер е најистакнатиот претставник на англиската драма во втората половина на 20-от век, оценува Академијата.

Доделувањето на Нобеловата награда на Харолд Пинтер, кој пред три дена наполни 75 години, дојде целосно неочекувано. Тој своите први дела ги објави во 1950-та година. Една од неговите најуспешни драми е “Враќање“ објавена во 1965-та година, а последно големо дело му беше „Измамени“ од 1978-ма. Пишуваше и сценарија за филм и за телевизија.

Во образложението Кралската шведска академија го спомнува и неговиот ангажман во кампањите за одбрана на човековите права. Пинтер остро ја критикуваше ирачката војна и премиерот Тони Блер поради учеството на британски војници во инвазијата.

Изборот на добитникот на Нобеловата награда за литература по традиција е меѓу најспорните решенија. Наградата е дотирана со 1 милион и сто илјади евра, а врачувањето ќе биде на 10-ти декември, денот на смртта на Алфред Нобел.