1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нобелова награда за економија

13 октомври 2004

Годинашнава Нобелова награда за економија ја делат Норвежанецот Фин Кидланд и Американецот Едвард Прескот за нивната работа на полето на економската политика и за текот на економијата.

https://p.dw.com/p/AeQ7

Обајцата низ своите истражувања не само шти ги унапредија макроекономските анализи, туку во многу земји приидонесоа за практичната парична и буџетска политика, се вели во образложението на Шведската академија на науките во Стокхолм. Оваа награда не им припаѓа на класичните Нобелови награди. Таа е донирана од Шведската Рајхсбанк и првпат е доделена во 1969 година. Кидланд и Прескот нивните сознанија ги објавија заеднички во 1977 и 1982 година. Во седумдесттите години западните економии страдаа од она што тогаш се нарекуваше стагфлација: сосема мал економски пораст и долготрајна невработеност, како и висока инфалција. Економската политика тогаш се профилира низ предлозите дека невработеноста може да се редуцира ако се прифатат високи стапки на инфлацијата. Така, на пример, тогашниот германски канцелар Хелмут Шмит изјави дека ако треба да избира меѓу висока инфлација и висока невработеност, тој ќе прифати инфлација за да ја намали невработеноста. Нобеловецот Милтон Фридман сепак докажа дека ваква алетрнатива воопшто не постои: високите инфлаторни стапки можат само кусорочно да ја намалат невработрноста, но не и долгорочно.

Кидланд и Прескот ја проширија оваа теорија со таканаречениот проблем на временска неконзистентност. Во суштина нивната теорија го вели следново: економско- политичките мерки кои оние што ги носат решенијата ги сметаат за најдобри за иднината, во стварноста најчесто воопшто не ги спровеле, зашто фирмите и буџетите, врз основа на очекувањата, во своето однесување веќе се свртеле кон мерките што ќе дојдат. Тоа повторно ја води политиката кон тоа најавените мерки никогаш да не ги спроведе. Една таква политика, велат Кидланд и Прескот, е поштетна отколку кога воопшто не би најавувала долгорочни цели.

Тоа, на пример, важи за монетарната политика: ако постои општ консензус дека може да се купи пониска невработеност со повисока инфлација, тогаш повикот дека треба да се направи нешто против инфалцијата звучи неуверливо. Економските субјекти ќе се насочат кон високата инфалција, ќе бараат повисоки плати со последица: невработеноста не опаѓа.

Работата на Кидланд и Прескот имаше и конкретни последици за економската политика: напуштање на поединечни решенија, туку формирање институционални рамки со јасни долгорочни цели. Европската централна банка, на пример, е таква институција со јасни долгорочни цели да не дозволи покачување на инфлацијата над 2 насто, независно од поединечните решенија. Трудовите на Киндланд и Прескот имаа големо влијание врз реформите на институциите во Нов Зеланд, Шведска и Велика Британија. Освен тоа, обајцата многу придонесоа за теоријата на економските циклуси. Во принцип може слободно да се каже дека Кидланд и Прескот придонесоа за тоа економијата да биде поблиска до вистинскиот живот, односно поблиска до луѓето.