Нобелова награда – економија
11 октомври 2004Ова денеска го соопшти шведската акдемија за науки во Стокхолм. Тие ја добиваат наградата за нивните истражувања во областа на економијата и водечките сили зад светските бизнис-циклуси.
60-годишниот Киндланд предава на универзитетот Карнеги-Мелон во Пицбург, во американската држава Пенсилванија. 63-годишинот Прескот истражува на универзитетот во Темпи, Аризона е и член на советот на централната банка на државата Минесота. Обајцата со својата работа покажаа дека водечките сили зад бизнис циклусите и создавањето на економската политика се двата клучни фактора во макроекономското истражување. Резултатите не најдоа потврда само во економската теорија, туку и во паричната и даночната политика на многу земји. Инаку, досега единствен Германец што ја добил наградата за економија е професорот од Бон, Рајнхарт Зелтен, пред десет години. Меѓу досегашните добитници, најголемиот број се Американци.