Нимиц ќе донесе предлог во Скопје и Атина
4 јануари 2013
Предлогот, според грчкиот весник, како што пренесува агенцијата Макфакс, е дел од обидите на медијаторот да го оживее процесот, во чии рамки беше ноемвриската средба со преставниците на двете земји, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис во Њујорк.
Грчкиот весник посочува дека Нимиц доаѓа во Скопје во време на политичка
криза во земјата, пресметки со низок интензитет меѓу младите Македонци и
Албанци, но и во време на зголемен активизам на Европската унија,
олицетворен во работата на еврокомесарот за проширување Штефан Филе.
„Свесноста на Париз и Берлин за ограничената политичка издржливост на
грчката влада во криза, и противењето на Бугарија (која станува се‘ поголема главоболка за Македонија од Грција) спречија тоа да се случи, а исходот беше документ на Советот во кој решавањето на името е поставено како предуслов за почеток на пристапните преговори“, наведува новинарот Костас Раптис во својот текст.