Нимиц во Македонија на 28, во Грција на 30 јули
23 јули 2014Реклама
Посредникот во разговорите за спорот за името, амбасадорот Метју Нимиц, на 28 јули ќе ја почне посетата на Македонија и Грција.
Според соопштението на Обединетите нации, Нимиц првин ќе допатува во Македонија, на 28 и 29 јули, а потоа ќе замине на средби во Атина на 30 и 31 јули.
„Целта на средбите е да се интезивираат разговорите под покровителсто на Обединетите нации насочени кон изнаоѓање на взаемно прифатливо решение за спорот за името“, пишува во соопштението на Обединетите нации.