Ни претстои мобилна иднина!?
25 септември 2011Во иднина, вели научничката Гебхардт, која ги истражува трендовите, сите ќе се движиме „интермодално“, значи сосема флексибилно: „Комуникациската технологија е мојата т.н. ’нонплусултра’, збор што доаѓа од латинскиот, а во превод значи нешто ’ненадминливо’. Речиси постојано ќе имам пристап до интернет и ќе можам да одлучам со кој автомобил или велосипед, или пак друго сообраќајно средство ќе одам од едно до друго место и како најбрзо можам да стигнам од точката А до Б“, објаснува Гебхардт.
Тоа не’ тера да се менуваме. Затоа и фирмите што нудат автомобили за изнајмување, или пак автомобил што можете да го делите со некој друг, односно да се возите само до одредената дестинација што ви е потребна, ќе бидат само еден дел од концептот на мобилност.
Младата генерација сака во секое време од денот да биде мобилна
Освен тоа изнајмувањето и делењето работи со други исто така им носи конфор на луѓето. Т.н. „каршеринг“ долго време беше исмејуван во браншата. Меѓутоа, сега се разви во вистински бизнис-модел со голема иднина. Голем број понудувачи на „каршеринг“ кооперираат, како што е случајот со „Драјв нау“ во Минхен. „Во иднина нема информативната технологија да се интегрира во автомобилот за да имаме уште подобри навигациски системи или интернет во возилото, па дури и да испраќаме мејлови од него, туку автомобилот ќе се обиде да се интегрира во интернетот.“
Значи во иднина техниката ќе биде добро вмрежена, така што и луѓето и машините ќе комуницираат меѓусебно. Автомобилот ќе научи како ние реагираме, каква ни е подготвеноста за реагирање и како возиме. Вакво нешто веќе се тестира во научниот проект „Поглед на автомобилот“ во Брауншвајг.
Она што досега беше фикција, денес во симулаторот за возење е реалност
Станува збор за високоавтоматизирано возење, односно автомобилот комуницира со други возила и во случај на „незгодна“ ситуација сам одлучува што ќе направи. „Во иднина покрај комуникацијата возило-возило ќе има и комуникација на возилото со инфраструктурата во сообраќајот. Можно е дури, доколку се постигне одредената квота на опременост, да може возилото да комуницира со раскрсницата. Освен тоа, ќе постои соодветен алгоритам кој ќе го оптимира вклучувањето на црвеното и зеленото светло, така што ќе се намали вкупната потрошувачка на енергија што ја трошиме кога запираме на раскрсница“, објаснува Карстен Ламер, раководител на Институтот за сообраќајна системска техника ДЛР.
Науката отвора нови можности, така што во иднина можеби возилата ќе се движат сами од себе во насоката што им ја одредуваат нашите мисли. Берлински научници истражуваат во областа на комплетна мрежна поврзаност. Проектот е наречен „бреин драјвер“ - „возење со умот“. Автомобилот ги чита мислите на возачот, односно човекот и машината стануваат едно.
Време е да се надминеме самите себе си и да размислуваме поинаку
Инаку, и фирмите во браншата се поврзуваат меѓусебно. Така на пример автопроизводителите и изнајмувачите на автомобили: „Во автомобилите имаме вградено каршеринг-технологија, како на пример ’драјв нау’ монитор, со кој секој клиент мора да знае да управува “, вели Андреас Котман, раководител на фирмата „Драјв нау“.
„Рент-а-кар фирмата ’Сикст’ вгради софтвер, што ги обедини процесите на изнајмување и на ’каршеринг’ на едно место и на тој начин ги извршува работите што се во делот на менаџментот во фирмата“, објаснува Нико Габриел од „Сикст“. „Доколку автомобилската бранша нема подготвено резервни алтернативи и доколку не се преориентира во понудувач на мобилност, којшто е комплетно мрежно поврзан, тогаш ја чека црна иднина“, предвидува научничката Гебхардт.
Имено, во градот на иднината нема место за мирување. Тоа е можно само доколку енергијата еден ден комплетно ни се потроши!
Автор: Уте Шнајдер / Бисера Огњановска Митров
Редактор: Александра Трајковска