1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нервоза на источното крило на НАТО

Розалија Романиец
25 февруари 2017

Откако изјавите на Трамп предизвикаа несигурност во НАТО, американската администрација се обидува да ги смири партнерите од Источна Европа. Чувство на сигурност би требало да дадат нови тенкови. Но скепсата останува.

https://p.dw.com/p/2Y40v
Verlegung US-Panzerbrigade nach Polen
Фотографија: picture-alliance/dpa/M. Bielecki/PAP

Пред само една година американски или германски војници на истокот на Европа беа само желба. Сепак, на самитот на НАТО во Варшава, во јули 2016 година, е договорено да се зајакне присуството во тој регион и од почетокот на годината во насока на Полска и на балтичките земји се испраќаат тенкови, тешко вооружување и неколку илјади војници. Наскоро со вежби во Бугарија и Романија ќе започне и една американска бригада. „Ова е парадокс“, вели полскиот министер за надворешни работи Витолд Вашчиковски. Не може да се каже дека состојбата во источното крило стана постабилна, но во Полска сега се чувствуваме посигурно, вели министерот. Оваа реченица добро ја отсликува амбивалентноста на состојбата.

Така погледнато, расположението меѓу делегациите од источноевропските земји на Конференцијата за безбедност во Минхен беше подобро отколку пред една година. Полската делегација не се замори во нагласувањето дека конечно веќе не се чувствува како членка на НАТО од втор ред, туку како рамноправен член. Бидејќи „рамноправноста“ на истокот се мери со присуството на НАТО-трупи.

Polen US-Truppen treffen in Zagan ein
Фотографија: Reuters/K. Pempel

Се бара повеќе присуство на исток

Но не се покажаа сите задоволни како Полска. Литванската претседателка Далиа Грибаускаите додуша во Минхен се пофали со присуството на НАТО во нејзината земја, но сепак побара дополнителна воена поддршка од САД и уште трупи долж источното крило. Заклучоците од јули 2016 година не се „веќе доволни“, рече таа. Мора, како што порача литванската претседателка, да се земе предвид дали американските трупи се пред сѐ концентрирани на западот на Европа, наместо на источните граници кои се најмногу загрозени. Балтичките земји сметаат дека директно учество на САД е нужно, рече литванската претседателка.

Барања до Германија

На истокот на Европа речиси никој не ги формулира работите толку јасно. Мнозинството е сѐ уште многу задоволно со тоа што конечно во нивните земји доаѓа тешко вооружување на НАТО.

Една тема посебно ги обединува источните Европејци: трошоците за одбрана. Полска и Естонија одамна го исполнуваат прописот за издатоци од 2 насто од Бруто-домашниот производ за одбрана. Романија тоа сака да го исполни годинава, Литванија, Летонија, Бугарија и Хрватска се додуша под тој просек, но и покрај тоа  за одбрана издвојуваат повеќе од својот БДП отколку на пример Германија. Ако Германија и останатите не издвојат повеќе средства за одбрана тие ја загрозуваат нашата стабилност, гласи обвинувањето од истокот на Европа. Тоа што САД би можеле својата лојалност кон НАТО да ја поврзат со барањето Европа да издвои повеќе пари за одбрана, источните Европејци ги прави нервозни.

Сепак, во источното крило на НАТО знаат дека да се расправаат со Германија за тоа во изборна година нема смисла. „Германија знае која е нејзината одговорност“, рече канцеларката Ангела Меркел осврнувајќи се на клаузулата за одвојување 2 насто од брутодомашниот производ за одбрана. Но таа рече оти тоа може да биде постигнато дури во 2024. година. Новиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел дури јасно кажа дека дополнителни милијарди би можеле да бидат инвестирани во развојна помош и интеграција на бегалците наместо во тенкови.

Verladung  Panzer nach Litauen
Фотографија: Getty Images/S. Gallup

Патување на исток

Габриел впрочем во понеделникот (21.02) требаше да отпатува на Балтикот и во Шведска на своето прво патување на исток во својство на министер за надворешни работи. Тој имаше намера во Литванија да ги посети војниците на Бундесверот кои неодамна ја презедоа командата над единиците на НАТО во оваа земја. Но патувањето беше во последен момент откажано поради, како што соопшти министерството за надворешни работи, здравствени причини. Ова патување уште претходно наиде на зачуденост, бидејќи традиционално германските министри за надворешни работи која станува збор за источните земји, прво патуваат во соседна Полска за да ја нагласат важноста на германско-полските односи.

Симболичното значење на ваквите намери полскиот министер за надворешни работи изгледа не го препозна: „Ние веќе разговаравме на состанокот во Брисел“, изјави Вашчиковски во разговорот за ДВ и додаде: „Балтичките земји се повеќе упатени на финансиска поддршка и политичка сензибилност отколку ние“.