1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Неонацисти во германската полиција

Михаела Кифнер
21 декември 2018

Десно-екстремистички закани со смрт, испратени од еден телефакс во франкфуртската полиција, можеби претставуваат само врв на ледениот брег. Сега мора да реагира целото општество, смета Михаела Кифнер

https://p.dw.com/p/3AN6o
Deutschland Hessen - Mutmaßliches rechtes Netzwerk bei Frankfurter Polizei
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Roessler

НСУ 1.0- така е наречена серијата од десет убиства на луѓе од соседството, воглавно со мигрантско потекло. И тоа е име за 13-годишно целосно затајување на германските истражни органи. Но, на крајот сепак се дојде до некоја цел: по завршувањето на мамутскиот процес на прво-обвинетата и единствена преживеана од убиственото трио, Беате Чепе, и беше изречена казна доживотен затвор. Во тој процес, адвокатката од Франкфурт Седа Басај-Јилдиз ги застапуваше семејствата на една од жртвите. А освен тоа го застапуваше и Сами А., исламисти за кој се тврди дека бил еден од телохранителите на Осама Бин Ладен.
Таа минатото лето добила факс со закана дека нејзината мала ќерка ќе биде „заклана“. Сега е утврдено дека факсот од кој е испратена заканата се наоѓа во просториите на Првиот полициски округ во Франкфурт. Во меѓувреме отворена е истражна постапка против пет полициски службеници од Франкфурт. Тие се осомничени дека во затворена чет-група разменувале десноекстремистички материјали.

Само почеток

Се чини дека е тоа само почеток на истражната постапка со која ќе бидат опфатени повеќе луѓе. Секако дека е во право министерот за внатрешни работи на Хесен кога предупредува дека не треба да постои сомнеж во сите 14 илјади полициски службеници во покраината. Таквата негативна пракса веќе ни е позната од покраините на истокот на Германија.
Бранот на политичко згрозување беше очекувано голем. „Застрашувачки“, така го коментираше случајот сојузната министерка за правда Катарина Барли. И секако, таа е во право. Навистина е застрашувачки што такви структури можеле да се родат во една полициска станица. И никој ништо не видел? Дали биле тоа колеги кои биле само „малку подесни“? Таканаречени „загрижени граѓани“ овојпат во униформа?
НСУ 2.0- така оваа група, се чини, самата се нарекувала. Разликата во однос на НСУ 1.0 би требало да биде во тоа што овојпат една државна служба, сама од себе, без притисок однадвор, требало да ги препознае десничарските структури и да делува против нив. Со тоа требало да се заштитат жртвите, но и сите колеги кој секојдневно прават се што можат за да ги заштитат демократијата и правната држава.

Deutsche Welle Michaela Kuefner, TV Portrait
Михаела КифнерФотографија: DW/B. Geilert

Вообичаено десничарење

Оној кој одблиску го доживеал судскиот процес против НСУ, или ја следел работата на една од истражните комисии на германскиот Бундестаг, него можеби веста од Франкфурт не го застрашила- но не смеела да го изненади. Семејствата на жртвите на НСУ и ден денес сметаат дека не е доволно расветлена мрежата на тајни помагачи. Таа и беше основата на која било можно формирањето на келиите на НСУ и нивното делување.
Последното убиство е извршено пред 12 години. Оттогаш Германија се промени со доаѓањето на голем број бегалци во 2015 и 2016. Симпатиите за десничарскиот начин на размислување преку Алтернативата за Германија (АФД) станаа раширени низ општеството и признаени. И доаѓаат до Бундестагот. Десноекстремните групи се повеќе се покажуваат во јавноста, а очигледно и меѓу колегите во полицијата.
Останува надежта дека молчаливото мнозинство сепак ќе може гласно да го именува она што го гледа. И дека секој поединец ќе реагира кога ќе се сретне со десноекстремни ставови, без оглед дали е тоа во трамвај, на работа или со колегите во ходник. Сега е на нас, тој оган да изгаснеме во корен.