1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Незапирливиот победнички поход на Борис Џ.

Барбара Везел
13 јуни 2019

По долг молк Борис Џонсон ги обзнани своите амбиции. Сака да ја наследи Тереза Меј. Тој вети дека Брегзит ќе се случи на 31 октомври, без разлика дали ќе има договор или не. Тоа наидува на добар одѕив кај Ториевците.

https://p.dw.com/p/3KKZ4
Großbritannien London | Boris Johnson
Фотографија: Reuters/H. Nicholls

Борис Џонсон се потстрижал и ослабел. Во јавноста во Лондон се покажа квази во ново издание, и надворешно и внатрешно. Во прилог на тоа говори и фактот дека во последните месеци на криза проследени со големо медиумско внимание, тој беше воздржан. Целта на долгото молчење е веројатно да ја зголеми напнатоста. Но, она што аналитичарите го забележаа кога Борис Џонсон се качи на бината и ја најави својата кандидатура за премиерското место, беше многу слично на стариот Борис - одлично расположение, неограничен оптимизам и малку суштинска политика.

Конечно Брегзит

Најдобриот аргумент на кандидатот беше неговиот мандат како градоначалник на Лондон. Борис Џонсон секако тврди дека бил одличен градоначалник кој ги решил проблемите на британската метропола и бил огромна поддршка за успешно спроведување на олимпијадата. Неговите бројни критичари имаат поинакво мислење: тој беше мрзелив, не постигна ништо и зад себе остави голем број скапи престижни проекти. За неговиот контроверзен мандат како министер за надворешни работи полн со неуспеси и проблеми, не зборуваше ништо.

Секако неговите противници не беа во салата, туку имаше изненадувачки голем број поддржувачи. Следеа овации кога нивниот кандидат најави дека ќе ја извади Велика Британија од ЕУ на 31 октомври. Тој не цели кон не-постигнување на договор, но сака „нешто подобро од веќе постигнатиот договор за излез од ЕУ." Како да се постигне тоа? Неговиот тим ќе почне да работи веднаш, а тој сака со ЕУ да комуницира “со најголема љубезност." Неговите последни закани дека нема да ги плати британските обврски кон Брисел, Џонсон не ги спомена.

Boris Johnson in Seilbahn
Фотографија: picture-alliance/empics/B. Kendall

Нов договор – но, нема оставка во случај на неуспех

Сепак роковите се контра амбициите на Џонсон: на 22 јули се изборите во Конзервативната партија, а потоа следи летната пауза. Сериозни разговори во Брисел може да се започнат дури во септември. Освен тоа: колку пати Европејците повторија дека нема преговори за нов договор, без разлика дали ќе има смена на премиерската позиција? Но, тоа се само детали, Борис Џонсон е дојден за да освои доверба.

Повеќе:

-Борба за наследник на Меј: Деветмина против Борис

-Британските конзервативци ја почнаа трката за наследник на Тереза Меј

-Тереза Меј - збогување со солзи

Тој не сака сосем да ја исклучи можноста за непостигнување договор. Тоа е клучно за успех на преговорите, конечно и Брисел не сака да се случи тврд Брегзит, исто како ни тој. За да биде веродостоен, сега мора брзо да ја подготви Велика Британија. За жал новинарите не можеа да го прашаат за предлог составот на кабинетот за кој пишуваше „Фајненшл Тајмс“. На фармацевтската индустрија и се потребни од шест до осум месеци, а на трговците четири до пет месеци за да се адаптираат на новиот граничен режим. Ќе беше тесно за Борис Џонсон доколку во случај на неуспех е приморан да даде оставка: нема да биде лесно, нагласи тој неколку пати и со тоа избегна да го поврзе неговиот мандат со ветувањата за Брегзит. Неговите пријатели меѓу кои и тврдокорните брегзитери како Рис –Мог и компанија сигурно го забележаа тоа.

Да се обедини партијата и државата

Со „театарот од Вестминстер" мора да се раскрсти, изјави Џонсон, како никогаш и да не бил дел од него. Натегањето околу Брегзитот направило многу граѓани да се чувствуваат дезилузионирани и тој сакал тоа да го промени, да ја обедини земјата и конзервативната партија исто така. И де факто сите крила во партијата може своите очекувања да ги проектираат врз Џонсон. Хардлајнерите веруваат во неговите остри изјави за Брегзит, умерените ги потсетува на типичен конзервативец со традиција, на постарите веќе им вети големи олеснувања со даноците, а како вистински жител на Лондон може да понуди нешто дури и на космополитиските гласачи. Нив им ветува нов "конзервативен Европеизам", што и да значи тоа.
Неговиот најсилен адут е што на Ториевците им отвора персектива да победат на следните избори. Околу 70 пратеници има околу себе, голема предност во однос на другите конкуренти. Според анкетите тој е единствениот кој има изгледи за победа. Големиот русокос во изборни кампањи е во свој елемент, послаб во суштината, но силен во формата. На Британците успеа во 2016 да им ја протне и лагата за британскиот придонес кон ЕУ од 350 милиони кои ќе биле алоцирани за здравствениот систем во земјата. Од тоа, како и од многу други ветувања, не излезе ништо.

England: Boris Johnson Michael Gove
Фотографија: picture-alliance/S. Rousseau

Кокаин и други проблеми…

Дали некој уште може да го спречи Борис Џонсон? Кога беше прашан за гревовите од млади денови и за кокаинот делуваше по малку несигурен. Џонсон не сакаше да каже дали белиот прашак го инхалирал или не. Но, доволно беше што промрмори дека „имал само 19 години" со својот поглед под русата коса за да изгледа како веќе се да му е простено. Многу новинари имаа многу прашања дента, но тој дозволи само шест. На неговите советници им се чини најважно да го спречат да направи грешки. Прашањата за некои од неговите навредливи изјави како на пример кога зимоска покриените муслимански жени ги нарече "сандачиња за пошта" ги оправда со една од неговите палави објаснувања дека „некогаш се кревало многу прашина кога тој зборува" и дека граѓаните едноставно сакале јасно да бидат кажани нештата. Но, при отпочнувањето на неговата кампања за трката за првото место за Даунинг стрит, сепак забележливо избегна да ги потпалува старите теми. Реакциите во британските медиуми беа дека "било исклучително досадно и како за него невообичаено досадно и дека неговите поддржувачи ќе бидат одушевени", како што пиша Роберт Пестон од ИТВ. Политичкиот портал Базфид (BuzzFeed) констатира дека Џонсон сакал да оддаде сериозен впечаток, но дека "расипал се со неговите површни одговори од околу на прашања кои биле оправдани".
Патем, и Стенли Џонсон, кој е главен на кланот Џонсон и деклариран про-Европеец се појави на почетокот на кампањата на син му Борис. Што тој мисли за настапот на неговиот син кој се претстави како умерен, Џонсон Сениор си задржа за себе.