Незадоволните Словаци не попуштаат
17 март 2018„Тие сметаат дека е доволно за променат неколку личности, а инаку да остане истата гарнитура на власт. Тие ни се потсмеваат! ", изјави една млада мајка во Братислава за германската новинска агенција ДПА . Премиер во оставка Роберт Фицо претходно изјави дека новие избори би ја турнале Словачка во хаос и мора да бидат спречени. Потоа неколку десетици илјади луѓе ширум земјата го изразија своето незадоволство на улиците. Демонстрантите извикуваа: „Во затвор! Во затвор! ".
Не само во главниот град Братислава, туку и во многу други градови, тие побараа целосно разјаснување на случајот со убиениот истражувачки новинар Јан Куцијак и предвремените парламентарни избори. Повикот за демонстрации го упатија непартиски активисти, поддржани од медиуми и уметници.
Фико ги влече конците
Словачкиот претседател Андреј Киска ја прифати оставката на Фицо во четвртокот (15.03.2018). Неговиот наследник како премиер е неговиот доскорешен заменик Петер Пелегрини.
Повеќе:
-Криза во Словачка: Пелегрини- нов премиер наместо Фицо
-Словачка: Манекенка, мафија и висока политика
-Словачка - земја со „мафијашки структури“?
Со тоа предвремените избори беа тргнати од дневниот ред, што пак наиде на голема критика во јавноста. Земјата е во длабока внатрешно-политичка криза откако пред три недели, беа убиени Куцијак и неговата девојка. Куцијак во своите текстови ја разоткриваше наводната врска меѓу високи владини функционери и блиски луѓе на Фицо со италијанската мафија.
На демонстрациите и митинзите постојано можеше да се чуе обвинувањето дека новиот шеф на владата Пелегрини всушност е само марионета на Фицо. На крајот од краиштата, премиерот во заминување сакаше безусловно да се погрижи за тоа неговата Социјалдемократска партија Смер-СД, да остане во коалициската влада со централно-десничарската партија Мост-Хид и десничарско- националистичка партија СНС.
Читајте нѐ и преку апликацијата на ДВ за андроид