1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Неверниот маж се препознава според гласот?

21 март 2011

Жените кои имаат висок глас и мажите со подлабок глас се смета дека се повеќе наклонети кон неверство, соопштија канадски научници во најновата студија објавена во медицинското списание „Еволушонари сајколоџи“.

https://p.dw.com/p/RBCH
Фотографија: DW-TV

Испитаниците во текот на студијата слушале две верзии на електронски модифициран машки и женски глас. Научниците констатирале дека жените мислат дека мажот со подлабок глас има повеќе можности да биде неверен. Мажите изјавиле дека жените со висок глас имаат поголема шанса да ги изневерат.