Најголем паркинг за велосипеди во светот
Најголемиот паркинг за велосипеди во светот се наоѓа под земја, пред железничката станица во Утрехт, Холандија. Тој ќе биде целосно завршен на крајот на 2018 година, а ќе собира 12.500 велосипеди.
Холандија - земја на велосипеди
Велосипеди до каде што достига погледот. Во холандски Утрехт е отворен најголемиот паркинг за велосипеди во светот. Тоа беше и итно неопоходно, зашто статистиката вели дека во земјата има околу 22 милиони велосипеди. Во просек, значи, секој Холанѓанец има по еден велосипед.
Благонаклона сообраќајна политика
Утрехт со своите 340.000 жители е четврт град по големина во Холандија. Градот важи за особено благонаклонет кон велосипедот како превозно средство. За да се воведе ред во хаосот, особено пред железничката станица, сега е отворен најголемиот паркинг за велосипеди во светот. Капацитетот во моментов е 6.000 места за велосипеди, а до крајот на 218. паркингот треба да се прошири уште за 6.500 места.
Каде да се остави велосипедот?
Проблемот е познат одамна. Местата на железничките станици се преполни. Половината од оние кои патуваат со воз, на станиците доаѓаат со велосипед. Тие се жалат дека места за паркинг се наоѓаат тешко. И тоа и покрај фактот дека во 2011 година се направени 100.000 дополнителни места за паркирање велосипеди ширум земјата. Очигледно - недоволно!
24 часа слободно паркирање
Сега, со новиот паркинг состојбата би можела малку да се релаксира, дотолку повеќе што во првите 24 часа велосипедот може да стои на паркингот бесплатно. Оние кои сакаат да паркираат подолго, плаќаат дневна тарифа од 1,25 евра за велосипед.
Недоволно голем
Сепак, планираниот голем паркинг во иднина би можел да стане мал. Со оглед на велосипедскиот бум во Холандија, се стравува дека местата нема да бидат доволно. Зашто, бесплатното паркирање велосипеди е особено привлечно за оние кои патуваат со воз до работното место. Со велосипед, па со воз, наместо со часови чекање во долги автомобилски колони - тоа изгледа привлечно за многумина.
Мора да има ред
Движење во насока на стрелката: за да се најде слободно место во огромниот паркинг, има помошни средства за ориентација. Исто како во автомобилските паркинзи, и овде местата за паркирање се обележани - со различни бои и бројки. На екран може да се види каде има слободно место. Едно место делат два велосипеда кои се паркирани на две нивоа, еден над друг.
Утрехт како предводник
Паркингот во Утрехт, кој чини 40 милиони евра, е предводник. И Ден Хаг планира паркинг со 8.500 места за велосипеди. Амстердам, чии 835.000 жители поседуваат 847.000 велосипеди, работи исто така на место за паркирање. Сепак, повеќето од велосипедите сѐ уште се потпрени на оградите на мовчињата преку каналите, што за туристите е омилен мотив за фотографирање.