1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нафтена дамка во Средоземното море голема колку Њујорк

СН/агенции
1 септември 2021

Брегот на Кипар е загрозен од огромна нафтена дамка, која преку Средоземното Море се движи кон островот. Нафтата потекнува од Сирија, каде протече во несреќа во една рафинерија во минатата недела.

https://p.dw.com/p/3zlK9
Frankreich Ölteppich nach Brand auf Frachter Grande America
Излеаната нафта потекнува од најголемата сириска рафинеријаФотографија: picture-alliance/abaca/Marine Nationale

Излевањето на нафтата која протече од најголемата сириска рафинерија расте и се шири во Средоземното море, а до островот Кипар би можела да стигне веќе денес, објавија кипарските власти.

Сириските официјални лица во минатата недела изјавија дека резервоарот со 15.000 тони гориво почнал да тече на 23 август од термоелектраната во сирискиот крајбрежен град Банијас.

Анализите на сателитските снимки кои ги направи Орбитал ЕОС покажуваат оти изливањето на нафтата било поголемо отколку што на почетокот се сметало и дека нафтената дамка се протега на подрачје со големина приближно на американската метропола Њујорк.

Zypern Tourismus Larnaca
Кипарското крајбрежје под закана од нафтената дамкаФотографија: George Christophorou/ZUMA Wire/imago images

Од компанијата изјавија оти нафтената дамка е одалечена околу 7 километри од кипарскиот брег.

Кипарската служба за рибарство и истражување на морето изјави дека, според нивните симулации, дамката до р'тот Апостолос Андреас ќе стигне во наредните 24 часа. Еден жител на Банијас за медиумите рече оти поголемиот дел од брегот е загаден.

„Не ни' требаше ова, тука е и онака тешко да се заработи за живот, а ова сигурно ќе влијае на животите на многу семејства. Владата испрати само тимови со сунѓери и црева за вода, тие немаат капацитет за решавање на ова... не можете да го чистите морето со сунѓери“, додаде тој.  Турција која ја дели границата и на брегот со Сирија, исто така, е вклучена во санацијата.