1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Научниците на трага на лек против болеста сарс

30 јули 2004

На почетокот од минатата година светот се сочи со нова, дотогаш непозната закана: болеста на белите дробови сарс. Првите случаи беа регистрирани во февруари во Виетнам. За еднаипол година ширум светот се инфицирани околу 8 000 луѓе, од кои 800 починаа. Во борбата на научниците против болеста, конечно се чини дека е направен пробив: меѓународен тим на истражувачи, во кој се вклучени и германски претставници, најд

https://p.dw.com/p/Aezn

е средство за спротивставување на нејзиниот предизвикувач.

Научниците пронајдоа ефикасен метод за добивање антитела што му се спротивставуваат на сарс-корона вирусот, извести Филипсовиот универзитет во Марбург. На тестовите со лабораториски глувци добиените антитела успеаја да го запрат ширењето на вирусот. “Ново во студијата што сега ја публикувавме е дека ни успеа да добиеме антитела за сарс-корона вирусот, а важното е дека тие антитела вистински можат да го запрат вирусот – и тоа не само во анализите на култури од клетки, туку и во обидите со животни” – вели вирологот од Марбург Штефан Бекер.

Пред да можат да започнат тестирањата врз луѓе, неопходни се прво натамошни тестови со мајмуни и ласици. “Ако болеста и натаму се шири и фармаколошката индустрија поради тоа енергично ги форсира истражувањата, тогаш првите тестови со луѓе-доброволци би можеле да започнат по една година”, предвидува Бекер. “Мислам дека секако ќе потрае уште една година додека тие антитела и фактички да стојат на располагање за третман на луѓе”.

Од средината на минатата година виролозите од Марбург, заедно со колегите од Институтот за истражувања во биомедицината во швајцарскиот град Белинцона и од Лабораторијата за инфективни болести во Мериленд, САД, вршат истражувања за стратегија против подмолната болест. Рајнхард Курт, претседател на Институтот “Роберт Кох” од Берлин, им оддаде признание на истражувањата: “Голем напредок е тоа што го покажа овој тим – дека, прво, такви антитела можат да се добијат во лабораторија и со тоа принципот може да им се предаде на фармаколошките фирми, и второ, дека тие и во обидите со животни покажаа оти антителата навистина помагаат”.