1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Кои се разликите меѓу Омикрон и Делта сојот?

БГ
5 јануари 2022

Сојот Омикрон е позаразен од сите досега познати варијанти на коронавирусот, и дури успева да ги заобиколи антителата на оздравените и вакцинираните. Но неговите симптоми се поблаги, а текот на болеста полесен.

https://p.dw.com/p/459A9
Омикрон Коронавирус Ковид-19
Сојот Омикрон се шири најбрзо од сите досегашни варијанти на коронавирусотФотографија: picture alliance / Zoonar

Според една британска студија, ризикот да бидете хоспитализирани откако сте биле заразени со новата варијанта на коронавирус Омикрон е за две третини помал отколку во Делта. Овие податоци ги потврдуваат „оптимистичките сигнали“ за кои зборуваше главниот советник на британската Агенција за здравствена безбедност Сузан Хопкинс. Студијата се заснова на над еден милион случаи. 

Помали оштетување на белите дробови? 

Неколку други студии на лабораториски животни и човечки ткива фрлија повеќе светлина на тоа зошто заболувањето со Омикрон може да биде поблаго. Според информациите цитирани од Њујорк Тајмс, варијантата предизвикува помала штета на белите дробови од претходните соеви, што често доведуваше до сериозни заболувања и проблеми со дишењето. 
„Њујорк тајмс“ се повикува на истражување врз глувци и хрчаци, кое заклучило дека Омикрон предизвикува поблаги инфекции. Тие често се ограничени на горниот респираторен тракт: нос, грло и дишни патишта. 

Полесно со Омикрон  

Досегашните истражувања на Омикрон покажуваат дека вирусот е позаразен од претходните верзии. Дури и успева да ги заобиколи антителата во организмот и на тој начин да зарази вакцинирани и оздравени луѓе. Но, иако бројот на новорегистрирани случаи достигна нови рекорди како резултат на ширењето на новата мутација на вирусот, стапката на хоспитализации останува ниска. 
Досега не можеше да се донесе дефинитивен заклучок дали тоа значи дека вирусот е помалку опасен, бидејќи првично беа заразени воглавно млади луѓе или луѓе со имунитет изграден од вакцина или претходна инфекција. Но, неколку научни студии објавени во последниве денови веќе дојдоа до заклучок дека Омикрон води кон полесен тек од претходната, Делта варијанта, и сите други претходни варијанти на Ковид-19. 

Deutschland | Coronavirus | Stiko Empfehlung | Booster Impfung bereits nach drei Monaten
Експертите препорачуваат трета доза вакцина за заштита од новите соеви на коронавирусотФотографија: Frank Hoermann/SVEN SIMON/picture alliance

Останува ризикот од преоптоварување на здравствениот систем 

Сепак, Сузан Хопкинс од британската Агенција за здравствена безбедност предупредува дека високото ниво на заразност на новиот вид може да доведе до сериозно оптоварување на здравствениот систем. Според британскиот јавен здравствен систем, бројот на здравствени работници заразени со коронавирус се удвоил во последниот месец, од 12.000 на крајот на ноември на 24.000 до 26 декември.
Истовремено расте и бројот на пациенти кои имаат потреба од хоспитализација. Заклучно со минатата среда, 11.898 пациенти биле сместени во одделенијата на Ковид, вредности што не се забележани од почетокот на март. Рекорден е и бројот на заразени. Според британското национално биро за статистика 2,3 милиони луѓе се заразиле во неделата од 23 декември.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема