1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Наследникот на Меркел си замина и од премиерската функција

БГ/ ДПА
25 октомври 2021

Лидерот на германските конзервативци Армин Лашет кој беше главен претендент зa наследник на Ангела Меркел на местото канцелар, денеска ја напушти покраинската функција.

https://p.dw.com/p/429et
Düsseldorf | Laschet legt Amt als Ministerpräsident nieder
Армин Лашет му ја предава оставката на претседателот на парламентот на Северна Рајна ВестфалијаФотографија: Bernd Schälte/Landtag NRW/dpa/puicture alliance

Армин Лашет од денеска повеќе не е премиер на најголемата германска покраина Северна Рајна Вестфалија. 60-годишниот Лашет најави пред сојузните избори во септември дека ќе се повлече од покраинската функција, дури и доколку не стане нов германски канцелар. На утрешната прва седница на Бундестагот, Лашет ќе ја преземе својата пратеничка позиција. 

Се очекува в среда, актуелниот министер за транспорт на Северна Рајна Вестфалија Хендрик Вуст да биде избран за нов премиер на специјална седница на покраинскиот парламент. 

На парламентарните избори, конзервативците под раководство на Лашет го остварија најлошиот резултат во историјата. Победници беа социјалдемократите чиј кандидат за канцелар Олаф Шолц сега ги води преговорите за формирање нова влада заедно со Либералите и Зелените, по 16 годишното владеење на ЦДУ на Ангела Меркел. Притисокот врз Лашет е голем и во матичната партија да се повлече од функцијата.