Наскоро повторно слободен влез на граничните премини на САД
13 октомври 2021САД на почетокот на ноември ќе ги отворат своите копнени граници со Мексико и со Канада за лицата вакцинирани против Ковид-19, како и за патувањата кои не се сметаат за неопходни, објави синоќа висок претставник на Белата куќа.
Автомобилскиот, железничкиот и траектниот сообраќај меѓу САД и Канада и Мексико во голем дел беше ограничен на неопходни патувања, како на пример за трговија, од почетокот на пандемијата. Границите беа затворени 19 месеци поради пандемијата.
Со новите мерки кои ќе бидат објавени денеска ќе се дозволи на целосно вакцинираните странски државјани од ноември да влезат во САД без разлика на причината за патување, пренесе агеницијата Асошиејтед прес.
Слично ублажување на рестирикциите треба да започне да се применува и за воздушниот сообраќај.
До средината на јануари наредната година дури и патниците кои доаѓаат поради неопходни причини во САД, како што се возачите на камиони, ќе мораат да бидат целосно вакцинирани.
Мексико и Канада вршеа притисок на САД со месеци да ги ублажат рестрикциите за патувања поради кои се разделени многу семејства и немаше туристички патувања од почетокот на пандемијата.
Овој потег доаѓа по минатомесечната објава дека САД ќе ја укинат забраната за влез во земјатапреку воздушен сообраќај и оти наместо забрана ќе бараат од странските државјани да имаат потврда за вакцинација.
За разлика од патувањата со авион за кои е потребен и негативен тест на Ковид-19, таков тест нема да биде потребен за патниците кои влегуваат во САД по копнен или по морски пат, под услов да го исполнат условот да се вакцинирани.
САД, како што е наведено, ќе ги прифатат сите вакцини кои ги одобри Светската здравствена организација, а не само оние кои се одобрени во земјата.