1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

Наскоро конференција за Либија во Берлин

СН/агенции
13 јануари 2020

Веќе месецов Германија сака да посредува во либискиот конфликт. Полека се кристализира и датум за планираната меѓународна конференција. Во Москва пак завојуваните страни во северноафриканската држава договараат примирје.

https://p.dw.com/p/3W81p
Libyen Kämpfe | Kämpfer von General Khalifa Haftar
Фотографија: Getty Images/AFP/A. Doma

Германската канцеларка Ангела Меркел сака во Берлин во јануари да организира меѓународна средба на врвот за либискиот конфликт.  „Подготовките за таква конференција се во тек“, изјави денеска владиниот портпарол Штефен Зајберт. Во игра е е термин за состанокот веќе во наредната недела- на 19 јануари. Во тек се и разговори и за овој конкретен датум, рече Зајберт но напомена дека во моментов не може официјално да го најави датумот. Германската влада веднаш ќе ја извести јавноста штом ќе завршат подготовките, истакна владиниот портпарол.

Според телевизијата Си-Ен-Ен Турк, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ќе патува во германската престолнина наредната недела на таканаречениот Берлински процес. Меркел и Ердоган вчеравечер телефонски разговараа за ситуацијата во Либија. Русија исто така ги поддржува напорите за посредување од страна на Германија.

Преговори во Москва

Во меѓувреме, двајцата либиски ривали, премиерот Фајес ал Сараџ и одметнатиот генерал Калифа Хафтар, се во Москва за да преговараат за условите за официјален прекин на огнот во северноафриканската земја. Сè уште е нејасно дали тие лично ќе разговараат. Министрите за надворешни работи на Русија и на Турција, како и други високи дипломати од двете држави, исто така, го најавија своето учество на состанокот во Москва.

Повеќе на темата:

-Меркел и Путин: Не се пријатели но затоа се партнери

-Кој може да донесе мир во Либија?

-Дали Либија за Путин е новата Сирија?


Kombibild - Putin, Khalifa Haftar, Fajis al-Sarradsch

Во ноќта кон неделата во сила стапи привремен прекин на огнот, за кој Хафтар претходно неочекувано се согласи. Сепак, двете завојувани страни се обвинија меѓусебно за кршење на прекинот на огнот во неделата. По телефонскиот разговор со својот руски колега Владимир Путин, францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека примирјето „мора да биде веродостојно, одржливо и проверливо“.

Прокси-војна во пустината

Либија не се смири од падот на долгогодишниот владетел Моамер ел Гадафи во 2011 година. Секогаш  одново има различни  фронтови во граѓанска војна. Хафтар, со својата самопрогласена либиска национална армија, освои огромни територии на теренот од пролетта 2019 година и сѐ повеќе ја доведува под притисок владата во Триполи, која е призната од страна на Обединетите нации.

Либија го слави ослободувањето од Гадафи

Хафтар има моќни донатори и вооружувачи како Русија, Египет, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати зад себе. И францускиот претседател Емануел Макрон важеше за поддржувач на Хафтар, што досега ја оневозможуваше  Европската Унија да заземе унифициран став во однос на кризата во Либија. Турскиот претседател Ердоган, од друга страна, останува лојален на владата на Сараџ со која Турција штотуку потпиша договор за нафтени привилегии во источниот Медитеран. И поранешната колонијална сила во северноавриканската земја- Италија е на страната на владата во Триполи. И покрај меѓународните критики, Турција одлучи да испрати свои војници во Либија.