1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Наскоро и регионален интернет домен

Јохана Шмелер/Марта Таневска29 август 2013

Патот за регионални интернет домени е отворен. Наместо наставката „цом“, „инфо“, „де“ или „мк“, интернет страниците сега имаат можност да ја преземат наставката како „берлин“ или „скопје“.

https://p.dw.com/p/19W10
Фотографија: picture-alliance/dpa

Свеста за регионалната припадност со задоволство се користи во агенциите за огласување, а во иднина така би требало да биде и на интернет. Досега веб страниците завршуваа со наставка која е единствена за одредена земја: „де“ се користи за Германија, „мк“ за Македонија, „цо.ук“ за Велика Британија, а „цом“ за сите останати од другата страна на Атлантскиот океан. Но на тоа наскоро треба да му дојде крајот.

Регионална свест за интернет

Интернет корпорацијата за доделување имиња и броеви (ИКАНН) одобри таканаречени „Домени на највисоко ниво“ зад кои се кријат наставките за интернет страниците. Тие кои досега беа горди што со наставката „еу“ може да се покаже одреден космополитизам, со новите наставки ќе може да покаже и поврзаност со својот регион.

По наставките како што се „рур“ и „келн“, кои треба да бидат во употреба до крајот на годината, во наредната година ќе следат „берлин“, „хамбург“, и „баерн“. Наставките како што се на пример „шоп“, „хотел“ и слично исто така би требало да помогнат да се олесни лоцирањето на различните компании на интернет. „Нормално, за фирмите е атрактивна можност да бидат што повидливи ширум светот, но секое второ пребарување на интернет има локален карактер“, смета Оливер Зиме од хамбуршкиот „Топ- левел-домен д.о.о“. „Луѓето во пребарувачите внесуваат ’фризерски салон Хамбург’ како комбинација за пребарување. Тоа покажува колку локацијата стана важна на интернет“.

Подобар ранг во пребарувањата

Зиме шест години се бореше за воведување на доменот „хамбург“, за да им овозможи на корпоративните клиенти виртуелна предност со помош на ознаките за локација: „Сигурни сме дека рангирањето на резултатите од пребарувањето е поповолно со локални адреси. Компаниите можат полесно да пронајдат што е посебно важно за локалните понудувачи“, вели Зиме.

New York Times Square
Меѓу 60 понуди за географски домени е и „нуц“ за ЊујоркФотографија: imago/CHROMORANGE

Хамбург ја поддржува неговата идеја, па и тие лобираа за Домен на највисоко ниво во ИКАНН. Гледиштето на градските власти е компаниите да имаат голема предност со наставка од Хамбург и обратно. „Со името на светски град се рекламира поинаков квалитет и ефикасност отколку со име на помал град“, вели портпаролот на Сенатот во Хамбург, Кристоф Холштајн во разговор за ДВ.

Глобален тренд на локални домени

И пред Зиме и неговите колеги да постават барање за хамбуршка наставка на интернет страниците, пронајдоа повеќе од 50.000 страници, кои имаат „Хамбург“ во името, иако завршуваат на „де“.

„Во моментов има околу 60 понуди за географски Домени на Највисоко ниво“, вели Зиме, а меѓу нив се „нуц“ за Њујорк, „бцн“ за Барселона. „Тоа е глобален тренд кој покажува дека не постои само во Германија потреба за изразување локална поврзаност“, сигурен е Зиме.