Во двегодишен пилот-проект, градот Келн им дозволи на над триесет џамии во градот секој петок јавно од минарињата преку звучници да го емитуваат повикот за молитва до верниците. Со определени „германски“ услови: Повикот смее да трае максимално пет минути, и да биде упатен меѓу 12 и 15 часот, соседите треба однапред да бидат информирани со флаери, а музеинот не треба да биде прегласен.