1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Насилство на протестите против законот на Ердоган

ЕМФ/дв9 февруари 2014

Илјадници луѓе во Истанбул излегоа на протести против новиoт закон коj ќе ја регулира интернет-сферата во Турција. На големите демонстрации дојде до судири со безбедносните сили.

https://p.dw.com/p/1B5hA
Фотографија: Reuters/Osman Orsal

Полицијата употреби солзавец и водени топови против демонстрантите, од чии редови во правец на безбедносните сили летаа камења, шишиња и Молотови коктели.

Повеќе опозициони групи повикаа на протести во близина на плоштадот Таксим под мотото „Стоп на цензурата“. Демонстрантите бараат оставка на конзервативно-исламската влада на Реџеп Таип Ердоган.

zur Nachricht - Tausende demonstrieren in Istanbul gegen Internet-Gesetze
Фотографија: Reuters/Osman Orsal

Парламентот пред неколку дена донесе закон со кој, меѓу другото, на властите им дозволува затворање на интернет-странци без претходен судски налог. Освцен тоа, интернет провајдерите се задолжени да чуваат податоци за корисниците во период од две години. Обрзаложението на владата е дека законот е во насока на заштита на младите од штетни влијанија на интернетот и дека ќе придонесе за подобра заштита на личната сфера. Опозицијата обвинува дека со законот по слободна волја на власта ќе бидат затворани нивни интернет страници. За да стапи во сила законот треба да биде отпишан од претседателот Абдула Ѓул.