1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Напади во Нов Зеланд: Проговори херојот од Крајстчрч

Насим Сабер | Насер Ахмади
18 март 2019

Вооружан само со читач за кредитни картички, Авганистанецот Абдул Азис Вахабзада му застана на патот на напаѓачот во Крајстчрч. Во ексклузивно интервју за ДВ ја објаснува својата мотивација.

https://p.dw.com/p/3FEDt
Terroranschlag Christchurch Abdul Aziz
Абдул Азис ВахабзадаФотографија: Reuters/E. Su

Откако 28-годишниот осомничен десноекстремистички австралиски терорист Брентон Тарант уби 41 лице во џамијата Ал Нур во новозеландскиот град Крајстчрч, се упати кон џамијата Линвуд во блиското предградие каде што стотина верници беа собрани за петочната молитва. Меѓу нив беше и Абдул Азиз Вахабзада.

Авганистанецот Вахабзада се преселил во Нов Зеланд пред две ипол години откако претходно живеел 27 години во Австралија. Тој има продавница за мебел и предмети за домаќинство.

48-годишниот во ексклузивно интервју за ДВ вели дека се сеќава како многу брзо дејствувал на 15ти март: "Тукушто го имавме завршено првиот дел од молитвата. Тогаш чувме пукотници. Верник од првите редови извика дека некој надвор пука во браќата и сестри Муслимани."

Нужна самоодбрана

Во тој момент Вахабзада се наоѓал во близина на влезот. Истрчал надвор вооружан со првото нешто што му паднало в рака- читач за кредитни картички.

"Видов паркиран автомобил што го блокираше излезот. Имаше маж во воена униформа во близина на колата. Прашав 'Кој си ти?' Тој ме погледна и почна да пцуе," вели Вахабзада за ДВ.

Токму тој момент напаѓачот бил невооружан. По нападот во џамијата Ал Нур, тој веќе имал застрелано и неколку лица во Линвуд и се подготвувал да извади ново оржје од колата.

Christchurch Terroranschlag Anhörung Täter
Терористот Брентон Тарант пред судот во КрајсчрчФотографија: picture-alliance/dpa/M. Mitchell

„Автоматската пушка која ја користел претходно издржала само 3-4 рунди. Тој веќе имал застрелано три лица и потоа ја фрлил. Во колата имал уште автоматски пушки. Сакал да грабне друга и да продолжи со нападот."

Кога Вахабзада сфатил дека тоа не е војник, туку напаѓач со очигледни терористички мотиви го фрлил читачот за кредитни картички врз напаѓачот. Но, напаѓачот успеал да се поттргне, грабнал пушка и почнал да пука врз Вахабзада кој некако успеал да се скрие зад паркираните автомобили. Потоа син му го викнал да се врати назад во џамијата. Но, Вахабзада му рекол да бега внатре и да чека. Потоа земал една од пушките на напаѓачот која била фрлена до еден од застреланите и го повлекол чкрапалото. Но, во пушката немало муниција.

Обид да се спасат животи

Без двоумење му викнал на напаѓачот: „Дојди ваму, еве ме." Вели дека сакал да го привлече вниманието на напаѓачот за да ги заштити верниците во џамијата и да спаси животи. Првично планот не му успеал. Напаѓачот веќе бил влезен во џамијата и отворил оган. Вахабзада го следел, но подоцна напаѓачот излегол надвор од џамијата за да земе оружје и муниција. 

Повеќе на темата: 

- Балканската трага на атентаторот од Нов Зеланд

Српскиот цар Лазар и крстоносци го „инспирирале“ терористот од Крајстчрч

Пукал во Вахабзада пред да го фрли оружјето и да седне зад воланот. Вахабзада празната пушка што уште ја носел со себе ја фрлил кон напаѓачот. Притоа пукнало предното стакло на возилото и напаѓачот се уплашил. Вахабзада смета дека веројатно напаѓачот помислил дека некој пукал во неговата кола и со неа тргнал во бегство. Вахабзада се стрчал по него, но возилото исчезнало на следниот агол. Вахабзада се вратил во џамијата и видел дека има голем број загинати и повредени.

Terroranschlag Neuseeland Trauer Christchurch
Нападите предизвикаа бран на солидарност во Нов ЗеландФотографија: picture-alliance/dpa/M. Tsikas

Вели дека во тој момент не чувствувал страв бидејќи сакал да спречи да има уште загинати. Меѓу присутните во џамијата биле четири негови деца на возраст од 5 до 24 години, неговата сопруга и многу други луѓе.

„Не ми беше страв. Човек не треба да се плаши од други луѓе. Се плашам само од Создателот. Така успеав да му покажам на напаѓачот дека не се плашиме од него. Наместо тоа, тој се исплаши од нас. Затоа избега, иако трчав по него со празни раце."

Не посакувал да биде херој

Верниците во џамијата, како и меѓународните медиуми, Вахабзада го опишаа како херој. Но, според него секој човек „кој има малку човечко чувство" би го направил истото. Тој вели дека неговата вера и хуманоста налагале да постапи така. Со тоа што го стори Вахабзада веројатно спречил дополнителни напади, бидејќи двајца полицајци ја забележале распрсканата шофершајбна, застанале и го уапсиле напаѓачот. Нападите од петокот однесоа 50 човечки животи. 34 и натаму се хоспитализирани. Жртвите се на возраст од 3 до 77 години. Вахабзада не беше единствениот херој во Крајстчрч: 71-но годишниот Авганистанец Дауд Наби исто така му се попречи на патот на напаѓачот, но притоа трагично го загуби својот живот.