1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Напад врз воздухопловна база во Пакистан

СН/АМ/ртр/афп/миа/дапд16 август 2012

Осум лица, меѓу кои шестмина напаѓачи, беа убиеи во напад врз пакистанска военовоздухопловна база. Засега никој ја нема преземено одговорноста за нападот.

https://p.dw.com/p/15qS4
Фотографија: dapd

Повеќемина тешко вооружени лица извршија напад врз воздухопловна база во Пакистан. Според безбедносните органи, шестмината напаѓачи во текот на минататa ноќ ја нападнале базата Минхас во централната провинција Пенџаб, на околу 60 километри северозападно од главниот град Исламабад.

Тие влегле внатре во воениот објект и стапиле во интензивна неколкучасовна престрелка со обезбедувањето. Најмалку еден од напаѓачите бил обвиткан со експлозиви.

Двајца војници и шестмина напаѓачи загинале во повеќечасовната престрелка, соопшти портпаролот на пакистанското воено воздухопловство. Само еден авион претрпел полесни штети. Портпаролот на военовоздухопловните сили категорично демантираше дека во базата се држи нуклеарно оружје.

Засега никој ја нема преземено одговорноста за нападот. Во минатoто пакистанските талибански бунтовници во повеќе наврати извршуваа напади врз армиски бази во земјата.