1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Напад во провинцијата на Ујгурите

ЕМФ/дв/миа22 мај 2014

Во напад што се случи во кинеската провинција Шинџијанг, според агенцијата Ксинхуа, загинаа најмалку 31 лице, а околу сто се повредени. Властите ги обвинуваат радикалните Ујгури, кои се противат на владеењето на Пекинг.

https://p.dw.com/p/1C4My
Фотографија: AP

Две возила со голема брзина влетале на пазарот во градот Урумчи, кој бил преполн со луѓе и од нив бил исфрлен експлозивот, јави агенцијата Ксинхуа, повикувајќи се на очевидци. Потоа едно од возилата експлодирало. Кинеските медиуми оценуваат дека се работи за уште еден „тежок терористички“ напад.

Провинцијата Шинџијанг е средиште на бројни напади. Во минатомесечната експлозија на бомба на железничката станица беа убиени три, а ранети 79 лица. Властите за нападите ги обвинуваат радикалните ујгурски муслимани, кои се противат на владеењето на Пекинг во овој регион. Ујгурите сметаат дека се културно, социјално и економски запоставени од страна на централната власт и дека се исфрлени на маргините поради постојаното доселување на етничките Хан-Кинези во провинцијата. Во судирите меѓу Кинезите и Ујгурите во Урумчи од 2009 година беа убиени речиси 200 лица.