1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Навални против Русија: Укор за Кремљ

ЕМФ /агенции
15 ноември 2018

Критичарот на Кремљ Алексеј Навални се жалеше на Русија пред Европскиот суд за човекови права. Судот изрече укор за Русија, а Навални ќе добие отштета.

https://p.dw.com/p/38Iwt
Brüder Oleg und Alexej Nawalnys
Алексеј Навални (д.) во судот во СтразбурФотографија: DW/M. Bushuev

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур оцени дека постојаните апсења и сослушувањата со часови на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални, се политички мотивирани и поради тоа ја укори Русија. За укор гласаа 14 членови на Големиот совет на ЕСЧП, а против беа тројца. Русија на опозицискиот политичар мора да му плати отштета од околу 64.000 евра.

Навални - кој важи за еден од најострите критичари на Кремљ - бил целно уапсен за време на два протеста, на кои немал водечка улога, констатираше Големиот судски совет во Стразбур, оценувајќи дека целта на апсењето без сомневање била да се задуши „политичкиот плурализам“ во Русија. Тоа во Русија е во согласност со „општата тенденција да се замолчува опозицијата“, смета ЕСЧП. Навални, поради седум апсења на протести во периодото меѓу 2012 и 2014 година, и затворски парични казни кои потоа следувале, вложи повеќе жалби во Стразбур. Тој смета со постапките на руските власти било ограничено неговото право на слобода и правото за фер постапка.

Alexei Navalny
Целта на апсењата на Навални, според ЕСЧП, била да се задуши „политичкиот плурализам“ во РусијаФотографија: picture-alliance/AP Photo/D. Serebryakov

„Пресудата е многу фер“, изјави Навални по соопштувањето на одлуката на судот. Тој е задоволен што судиите конечно на постапките на руските власти против него гледаат како на политички мотивирани постапки.

Пресудата на Големиот совет на ЕСЧП е правосилна.