1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Навални имал „смртоносно средство“, тврди неговиот тим

ЕМФ | агенции
21 август 2020

Во организамот на Алексеј Навални, според нaводи на неговиот тим, е пронајдено најверојатно „смртоносно средство“. Досега не е добиена дозвола за лекување на Навални во странство.

https://p.dw.com/p/3hHX8
Russland Opposition | Alexei Nawalny | Gedenktag Boris Nemzow in Moskau 2016
Фотографија: picture-alliance/dpa/V. Sharifulin

Полицијата ги известила лекарите на рускиот опозициски политичар Алексеј Навални дека пронашла опасна супстанција, рече шефот на Антикорупцискиот фонд на Навални, Иван Жданов денеска во Омск. Отровот, како што додаде тој, бил опасен не само за Навални, туку и за околината, поради што е укажано дека треба да се носи заштитна облека. Поради истрагата која што е во тек, не е дадена информација за каква супстанција се работи, рече Жданов. Нејасно е каде полицијата ја пронашла супстанцијата.

Повеќе:

Сомнежи дека е затруен критичарот на Кремљ, Алексеј Навални

Пресуда против Русија во случајот Навални

Русија - земја на остри контрасти

Тимот на Навални го објави видеото со изјавата на Жданов и на сопругата на политичарот. Лекарите во клиниката каде што е хоспитализиран Навални изутринава соопштија дека состојбата му е подобрена.

Навални е сместен на одделението за интензивна нега во болница во сибирскиот град Омск. Неговата портпаролка, Кира Јармиш, критикуваше дека лекарите досега не дозволиле транспорт на пациентот за лекување во странство. Таа ја повика меѓународната заедница да преземе мерки за да издејствува транспорт на Навални. Политичарот би требало да биде лекуван во Германија. Филмскиот продуцент Јака Бизиљ за агенцијата ДПА изјави дека Навални би требало да биде префрлен во Берлин со специјален авион.