На свадбата на Хари и Меган ќе се јадат локални производи
14 мај 2018Реклама
Шефот на кујната Марк Фланаган вели дека сега подготовките се концентрираат на начинот на презентација на храната:
„Сѐ е нивна одлука. Ние само даваме сугестии, а двојката беше вклучена во сѐ, пробаа сѐ, запознати се со секој детал“.
Хари и Меган барале да бидат употребени што е можно повеќе локални производи. На денот на свадбата, 19 мај, во дворецот Виндзор ќе работат околу 30 готвачи - шефови и асистенти.
Менито сѐ уште не е објавено. Она што е познато е дека двојката нарачала торта со вкус на лимон и бозел во слаткарница во источен Лондон.