Загрозени приморски места во Велика Британија
13 август 2019Реклама
Промената на климата може да изврши промени на географските карти. Поради глобалното затоплување и со него поврзаното постојано растење на нивото на морињата, можат да исчезнат многу градови. Таков случај е и во Велика Британија, каде повеќе населени места во Велс се во опасност. Властите бараат од жителите да ги напуштат, но не им нудат отштета или финансиска поддршка. Многумина се чувствуваат оставени на цедило.