1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

На годишнината од денот “Д” во Нормандија за прв пат и германскиот канцелар

7 јуни 2004

Сеќавањето на истоварувањето на сојузниците во знак на помирување

https://p.dw.com/p/AdBH
Жак Ширак и Герхард Шредер-омразата нема иднина
Жак Ширак и Герхард Шредер-омразата нема иднинаФотографија: AP

Шеесет години по истоварувањето на сојузниците во Нормандија и почетокот на ослободувањето на Европа во втората светска војна вчера свеченостите во спомен на денот Д поминаа во знак на помирувањето на поранешните воени непријатели.Германскиот канцелар Герхард Шредер како прв германски шеф на влада присуствуваше на манифестациите во францускиот град Кан заедно со шефови на држави и влади од повеќе од 20 земји.Меѓу нив беа присутни и американскиот претседател Џорџ Буш и британскиот премиер Тони Блер.

Ветераните од 14 нации кои учествуваа во истоварувањето во Нормандија ги поздрави францускиот претседател Жак Ширак,кој најзаслужните ги назначи во ритери на Легијата на честа.Освен нивната храброст Ширак особено го пофали и француско германското помирување:

-Покажуваме со примерот на француско германското помирување-дека омразата нема иднина и дека секогаш постои пат кон мир,истакна Ширак.

На свеченоста во сеќавање на истоварувањето на сојузниците вo Нормандија исто така беше интонирана и германската национална химна.Германскиот канцелар во својот говор во Кан рече:

-Сеќавањето на Франција на 6 јуни 1944 година е поинакво отколку-она на Германија,но и двете се во заедичко убедување:ние сакаме мир.Германците знаат кој ја има одговорноста за војната и ние нашата одговорност пред историјата сериозно ја земаме.

И покрај сите сите ужаси кои се поврзани со 6 јуни 1944 година,Шредер овој ден го смета за позитивен знак:

-Ова е добар ден,6 јуни 2004 гоина,да и се оддаде благодарност на Франција и на нејзините сојузници за она што го направија за демократскиот развој на Германија.За падот на диктатурата на Хитлер беа потребни војници и патриоти.Зашто,ние Германците знаеме дека не сме пацифисти,но не сме лесно подготвени да посегнеме кон воени средства,потенцираше Шредер.