Мутираната верзија на коронавирусот не е причина за паника
19 декември 2020Потврдена мутација на југот на Велика Британија според министерот за здравство Мет Ханкок се шири побрзо отколку досегашната варијанта. Моментално имало илјада случаи на инфицирани со новата варијанта. Но, тоа не значи и дека е поопасна, вели Ханкок. Може само да се претпоставува дека порастот на заразени се должи на новиот мутиран вид.
Не е ништо невообичаено да се откриваат такви мутации. Во Кина на пример, земјата од која почна пандемијата, уште пред половина година циркулира нова варијанта на вирусот. Летоска од Шпанија брзо се прошири друга варијанта во половина Европа. Вируси постојано мутираат и повеќето немаат никакви или минимални влијанија.
Како реагира организмот на мутации?
Вообичаено човечкиот организам е самиот во состојба да се брани од вируси. Произведува антитела кои го бранат од напади од вируси и го прават имун на патогените. Но, ако патогенот е веќе мутиран и антителата се програмирани за постара верзија имаат значително помало дејство. Затоа и постојано настинуваме. Нашиот организам формирал антитела претходниот пат, но за новиот мутиран вид немаме антитела. Но, нема простор за паника бидејќи вирус не станува автоматски поопасен ако мутира. Некои мутации значително го заслабуваат.
Како настануваат мутации?
Кога човековиот организам развива антитела и така спречува избувнување на болеста, вирусот мора да ја промени својата обвивка за да не биде препознаен од антителата и имуните клетки. За да преживее вирусот мора да ги менува надворешните протеини и да развива нови варијанти.
Повеќе на темата:
Нов вид на коронавирус од Шпанија се шири низ Европа
Дали мутациите ќе го направат коронавирусот безопасен?
Данска ќе убие 17 милиони куни поради страв од коронавирусот
Вакцина за коронавирус– одговори на најважните прашања
За да се размножува на вирусот му е потребна ќелија-домаќин. Кога вирусите напаѓаат таква ќелија од нивната внатрешност исфрлаат генетски материјал во нападнатата клетка. Така клетките во организмот репродуцираат милиони копии на вирусот. Но, кај секоја таква репродукција настануваат мали грешки и тие го менуваат и генетскиот код на вирусот. Тој мутира.
Зошто новата варијанта се шири побрзо?
Како и сите коронавируси и САРС КоВ-2 кој го предизвикува Ковид 19, е РНК вирусот со стапка на промени од скоро една мутација месечно. Овие различни варијанти се одговор и на прашањето зошто патогенот предизвикува различни инфекциски бранови и зошто инфекцијата може да се одвива различно кај различни луѓе.
Новата мутација на вирусот регистрирана во Велика Британија покажува повеќе промени во протеинот на коронавирусот – поради таканареченото бришење гени му недостасуваат две аминокиселини што му овозможуваат полесно да се шири. Ваква слична мутација е регистрирана и летово во Источна Азија. Таму мутираниот вид на Сарс- КоВ-2 предизвика поблаги инфекции бидејќи очигледно го ослабела коронавирусот.
Ефикасни ли се вакцините против мутираниот коронавирус?
Велика Британија како прва западноевропска земја започна со масовна вакцинација за корона. Добрата вест е дека актуелната вакцина не е неефикасна во однос на новата регистрирана мутација. Вакцините се така направени да ги кодираат информациите за протеинот во коронавирусот на таков начин што и покрај мутација тие соодветно ќе го стимулираат нашиот имунолошки систем.
За среќа потребни се повеќе мутации за еден вирус да ги промени своите протеини на таков начин за да го заобиколат имунолошкиот систем. Истовремено од сезонскиот грип знаеме дека на пример групата вируси може многу брзо да мутира поради што вакцините против грип мора да се адаптираат секоја сезона, за да бидат ефикасни.
Тоа сигурно ќе биде случај и кај вакцините за корона. Но, собраните информации во текот на кризата и новоизградените производствени капацитети ќе овозможат брзо снабдување со вакцини во иднина.