1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Муслимански проповедник повикува на револуција

ЖА/дв/дпа/миа15 јануари 2013

Политичките конфронтации во Пакистан, кој страда поради тероризмот, се заоструваат и натаму. Влијателен исламски свештеник повикува на соборување на владата.

https://p.dw.com/p/17K4t
Фотографија: picture-alliance/dpa

Во демонстрациите на илјадници негови приврзеници, проповедникот Мохамед Тахир ул Кадри ултимативно побара оставка на владата и распуштање на националниот парламент и на претставничките домови во провинциите. Земјата до новите избори, според него, би требало да ја води преодна влада под водство на војската, во спротивно „нацијата ќе ги носи одлуките“, се закани тој. Министерот за внатрешни работи Рехман Малик ги отфрли барањата како неуставни.

Пакистанските сили за безбедност пукаа во воздух и употребија солзавец во главниот град Исламабад, во обид да се справат со антивладините протести, организирани од исламистичкиот свештеник за кого се верува дека е поддржан од војската. Илјадници учесници во протестот бараа политички реформи и изразија незадоволство од Владата, која ја обвинуваат за корупција и за немање слух за нивните проблеми.

Anhänger von Tahir ul Qadri
Фотографија: picture-alliance/dpa

Приврзаниците на проповедникот Мохамед Тахир ул Кадри фрлаа со камења врз полицијата. Портпаролот на Кадри изјави дека толпата ги спречила владините сили да го уапсат Кадри, додека шестмина негови приврзаници биле поврдени.

Повиците на Кадри ги поделија Пакистанците. Некои во него гледаат борец за реформи, додека други се сомневаат дека е лице поставено од влијателни воени службеници, кои имаат извршено многу преврати во историјата на Пакистан и често се мешаат во изборите. Армијата ги отфрла тврдењата дека го поддржува духовникот. Кадри во декември се вратил во Пакистан од Канада, каде што живеел. Неговото вклучување во пакистанската политика ги разбуди сомнежите дека се обидува да ги саботира претстојните избори, закажани за оваа пролет. Силите за безбедност соопштија дека ќе ги преземат сите неопходни мерки да ги запрат демонстрантите кои, како што велат, планираат во Исламабад да создадат нешто слично на случувањата на египетскиот плоштад Тахрир.