„Мундијалот не беше купен“
19 октомври 2015Германскиот неделник Шпигел извести дека организацијата Светското првенство во фудбал во 2006 година во Германија наводно била добиена со купување на гласови. Инцијативниот комитет за кандидатурата на Германија , според пишувањата на Шпигел имал воспоставено црна каса, која тајно со 10,3 милиони швејцарски франци или во тоа време 13 милиони марки ја наполнил тогашниот шеф на Адидас, Роберт Луис Драјфус. Со овие пари требале да се обезбедат гласови кандидатурата. При гласањето за доделување на организацијата на Светското првенство во фудбал во 2006 година, во Извршниот комитет на ФИФА кандидатурата на Германскиот Фудбалски Сојуз (ДФБ) со 12 спрема 11 гласови тесно ја победи Јужноафриканската Република. Актуелниот претседател на ДФБ Волфганг Нирсбах и тогашниот претседател на Организацискиот Комитет, Франц Бекенбауер,наводно знаеле за таквите фондови.
Во текот на вчерашниот ден за обвинувањата дека Мундијалот во 2006 година бил купен за првпат се огласи германската фубалска легенда Бекенбауер: „Никому не сум му дал пари за обезбедување гласови за доделување на организацијата на Светското превенство во 2006 на Германија“, изјави тогашниот претседател на Организацискиот комитет на Светското првенство, „А сигурен сум дека тоа не го сторил ниту еден друг член на Иницијативниот комитет“, порача Бекенбаур преку неговиот менаџески тим.
Претседателот на ДФБ, Волфганг Нирсбах претхотно најави правосудни чекори против Шпигел и обвинувањата за корупција ги означи како басни.„Можам да уверам дека во однос на кандидатурата и доделувањето на СП 2006 дефинитивно немаше никаква 'црна каса' кај Германскиот фудбалски сојуз , Иницијативниот комитет ниту во подоцнежниот Организациски комитет“, порача Нирсбах на интернет страницата на ДФБ и го исклучи наводното купување на гласови на азиските претставници пред доделувањето на организацијата на Мундијалот 2006 на 6. јули 2000 година: „ Во тоа можам да ги уверам сите љубители на фудбалот“.
Се вклучува и политиката
Со оглед дека обвинувањата лебдат во воздух германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер и претседателот на Меѓународниот Олимписки Комитет Томас Бах порачаа дека ДФБ најбрзо што е можно треба да го разјасни случајот. Штајнмаер истакна дека може само да посоветува дека најавите ДФБ за итни истраги треба веднаш да се случат. „Тоа е во интерес на спортот, во интерес на фудбалот. Но тоа е и во наш заеднички интерес“, изјави Штајнмаер. „Томас Бах поаѓајќи од интересот на фудбалот, смета дека е неопходно да уследи брза и сеопфатна истрага“, изјави портпаролот на МОК, задолжен за Германија, Кристијан Клауе.
Поранешниот министер за внатрешни работи Ото Шили досега како што вели не гледа индиции за подмитување. „ Како член на Организацискиот комитете за СП 2006 во ниту еден момент не добив информации кои го потврдуваат постоењето на црни каси“, изјави Шили за весникот Билд ам Зонтаг и упати на улогата на поранешниот претседател на ДФБ Тео Цванцигер во случајот: „ Сите исплати на ДФБ и конечно целокупното книговодство во тоа време беа грижливо проверени од тогашниот благајник на ДФБ, др. Тео Цванцигер“, изјави Шили.
Цванцигер под притисок
Ако при некоја исплата на ДФБ на ФИФА постојат нејаснотии тогаш според Шили, „тоа е во одговорност на ФИФА а не во рамките на одговорностите на Организацискиот комитет. Со оглед дека Цванцигер како подоцнежен член на Извршниот комитет на ФИФА сигурно имал пристап до сметководството на ФИФА ,може и да даде најдобри информации за тоа“.
И долгогодишниот медиумски директор на ФИФА Гидо Тоњони се осврна на улогата на Цванцигер. „ Познато е дека Волфганг Нирсбах и неговиот наследник Тео Цванцигер се се најблиски бријатели. Паѓа во очи дека Цванцигер во магазинот Шпигел е видливо поштеден. Изворот на информациите со кои се користи Шпигел, со сите задршки е можеби Тео Цванцигер. Во текот на вчерашниот ден Цванцигер се бранеше преку неговиот адвокат поротив ваквите како што ги нарече „авантуристички обвинувања“.