1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Музичкиот Пикасо денеска полни 75 години

С.Недевски24 мај 2016

Музичарот кој го револуционализираше пишувањето песни, често користејќи поезија и хумор за да искаже социјален протест, денеска полни 75 години.

https://p.dw.com/p/1ItdJ
Фотографија: picture-alliance/akg-images

Да започнеше да музицира во денешното амбивалентно интернет време, веројатно ќе беше несфатен протестен музичар со Јутјуб канал, но за среќа на љубителите на музиката Роберт Цимерман го издаде својот прв албум во 1962 година.

USA Barack Obama und Bob Dylan in Washington
Претседателот на САД, Барак Обама на Дилан му го додели Медалот на слободата во мај 2012 година.Фотографија: picture alliance/dpa/EPA/J. Lo Scalzo

Тој беше составен главно од кавер верзии и само две негови композиции. Но веќе вториот албум во 1963-та ја содржеше легендарната Blowin' in the Wind - песна на една цела генерација.

Bob Dylan
Концерт во Шпанија во 2012 годинаФотографија: picture alliance/dpa/D. Castello

Боб Дилан стана икона и гласник на протестното движење, кое се спротистави на војните и угнетувањето во светот. „Пикасо на музиката“, рок- револуционерот Дилан денеска полни 75 години.

Музичкиот Пикасо денеска полни 75 години