1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мотасадек осуден на 15 години затвор

9 јануари 2007

Покраинскиот суд на Хамбург го осуди Мароканецот Мунир ел Мотасадек на 15 години затвор. Мотасадек бил пријател со Мохамед Атас, еден од двајцата пилоти, кои на 11 септември 2001 година се удрија во Светскиот трговски центар. Пресудата на Мотасадек во Хамбург му е изречена поради учество во терористичките напади во Њујорк.

https://p.dw.com/p/AdRF
Мунир ел Мотасадек
Мунир ел МотасадекФотографија: AP

Судот во Хамбург донесе пресуда за Мунир ел Мотасадек. Во третиот процес против Мароканецот требаше да биде објавена само казнената мерка. Врховниот суд уште во ноември минатата година го осуди 32 годишниот Мотасадек за пружање помош при убиство во 246 случаи и членство во терористичко здружение. Со пресудата од 15 години затвор, која ја изрекоа судиите во Хамбург тие го прифатија предлогот од државнотот обвинителсто. Бранителите на Мотасадек, не поднесоа предлог за казнена мерка.

Еден од двајцата бранители, Ладислав Анисиќ најави дека ќе се преземат натамошни правни мерки „ Нашата постапка е сосема едноставна: повторно ќе поднесеме ревизија, веќе е во тек уставната жалба, подготвувавем налози за повторно отварање на случајот, итака натаму.” истакна Анисиќ, откако синоќа во Хамбург беше објавена пресудата, од 15 години затвор за Мароканецот Мотасадек.