Молитва за жртвите од Холокаустот
5 мај 2008Реклама
Во Скопје денеска и утре се одржува првата рабинска конференција во Македонија.
Ави Козма денеска и официјално е инаугуриран за прв рабин од Македонија по Втората светска војна. Церемонијата се одржа во синагогата Бет Јаков во Скопје, каде беше одбележан денот на Холокаустот.
Рабинот Ави Козма инаку е од Македонија, а се школувал во Израел.
Тој зборуваше за шесте милиони еврејски жртви на нацистичкиот терор за време на Втората светска војна.