Мобилна интернет телефонија со „Скајпфон „
15 ноември 2007Реклама
Познавачите и корисниците на интернет знаат за поимот Скајп. Тоа е систем кој овозможува директна комуникација преку интернет. Британскиот мобилен оператот „ТРИ„ неодамна го претстави новиот „Скајпфон„ со кој се овозможува мобилна интернет телефонија. Разговорите и кратките СМС пораки ќе бидат бесплатни, но ќе се плаќа околу 15 евра претплата која како бонус може да се искористи со телофонирањето преку мобилниот телефон. Апаратот „Скајпфон„ чини околу 65 евра, а до Божиќните празници мобилниот телефон ќе се најде во продавниците во повеќе земји на Европа.