1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Младите Германци се’ позависни од интернетот

АТ/ дпа/ дапд/ епд/ афп/ ртр27 мај 2012

Бројот на млади кои пијат алкохол или пушат цигари и натаму се намалува. За сметка на тоа меѓу младите се зголемува зависноста од интернет. Ова произлегува од новиот извештај за дроги и зависности на германската влада.

https://p.dw.com/p/152So
Фотографија: lassedesignen/Fotolia

Ополномоштеникот за проблематиката со дрогите во германската влада Мехтилд Дикманс соопшти дека во Гермнија 250.000 млади на возраст од 14 до 24 години се сметаат за зависни од интернет. Освен ова кај околу 1,4 милиони млади луѓе е регистрирано проблематично користење на интернетот. Затоа Дикманс најви засилен ангажман во оваа област. Потребно е да се вложат натамошни напори за подобро информирање на луѓето за одговорно користење на компјутерите и интернетот. Освен ова неопходни се натамошни истражувања.

Се’ поголем број млади пред автоматите за среќа

Дикманс изрази загриженост поради зголемениот број млади, кои се’ почесто играат игри на среќа. Речиси секој четврти меѓу 16 и 17 годишниците користеле игри на среќа на автомати - значително повеќе од 2009 година. Од ова се погодени пред се’ младите момчиња. Ополномоштеникот за проблематиката со дрогите затоа се залага драстично да се намали бројот на автоматите со игри на среќа во гостилниците. Германската владата работи на ова одредба, која би требала да биде готова уште пред летните одмори.

Што се однесува до конзумирањето тутун кај младите, развојот е позитивен: само уште 12 проценти меѓу 12 и 17 годишиците барем еднаш неделно пушат цигари. Исто така и при конзумот на алкохол продолжува надолниот тренд. Меѓутоа пиењето на алкохол до паѓање во кома, кај младите возрасни и натаму е силно застапено.

Symbolbild Sucht Alkohol Zigaretten
Фотографија: AP

Вкупно, според извештајот за дрогите, околу 9,5 милиони граѓани на Германија консумираат алкохол во опасни количини. Искуство со илегалните дроги има секој четврти возрасен меѓу 18 и 64 години. Мнозинството користи продукти на канабисот. Бројот на жртвите од дрога во измината година опадна на 986, најниско ниво по 1988-ма година.