1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Младите бендови и новите интернет можности

Хано Шифер 11 февруари 2008

Музичката бранша во последните години многу се смени. Интернетот ги урна пазарните структури и стана една од најважните алатки за маркетинг во светот на музиката. Но дали за младите бендови интернетот е волшебно стапче?

https://p.dw.com/p/D5go
Рок бендот Ентер ШикариФотографија: picture-alliance/ dpa
Концертите на Ентер Шикари - секогаш се повод за добвра забава. Шоуто на бината е вистинска радост за очите. Четворицата момци скокаат како гумени топки на бината, на нивните лица капки пот. Луѓето се воодушевени. Тапанарот Роб Ролф појаснува зошто феноменот Ентер Шикари толку влијае врз модерната Индепендент музичка сцена „Во моментов доаѓа многу лоша, здодевна и потиснувачка музика од Велика Британија. Ние го правиме спротивното. Ние правиме музика која се грижи за добро расположение на забавите." На музичката сцена и се потребни свежи идеи Во групата Ентер Шикари членуваат четворица 21 годишни музичари кои доаѓаат од малиот град Сент Албанс, во близина на Лондон. Тие со своите свежи идеи се вмашаа во европската индепендет музичка сцена. Младиот бенд меша модерен хардкор со шик електронска музика, гитарата наидува на техно и драм енд бејзс, наизменично се јавуваат нежни гласови и агресивни викања. Која е тајната на успехот? 2005 година англискиот бенд Арктик Манкис, предизвика медиумска бура на интернет и го привлече вниманието кон себе. Бендот своите демо - снимки едноставно ги испрати преку интернет и кратко потоа стана светски познат. Ентер Шикари тргна по сличен пат. Бендотот во 2006 година го објави својот прв сингл, што беше понудан само за доаунлодирање на интернет и постигна успех. Нивниот хомупејџ стана еден од најпосетуваните - со повеќе од шест и пол милиони посетители он лајн посетители. Оттука без соменение интерентот за нив стана важен макркентишки инструмент - вели тапанерот Роб Ролф „Денеска, за еден мал бенд многу е поважно, самиот да се промовира на интернет. Тоа нас навистина ни помогна да стигнеме до музичките шоуа и да стапиме во контакт со промотерите.“ Интернетот е практичен, но сепак не е волшебно стапче Оној кој не е упорен и не работи на својата промоција, интернетот е ништо, велат Рори и Роб од Ентер Шикари. „Постојано одевме на турнеја низ Англија. На почетокот свиревме пред десет луѓе, потоа пред 20, потоа 40. Потоа моравме да си купиме комбе, да направиме маици и цедиња и да работиме до изнемоштеност.“ вели Рори По повеќе од 500 настапи во живо за помалку од две години, на крајот на 2006 година, за бендот почнаа да се интересират медиумите и музичките издавачи. До тој момент бендот инвестираше многу труд, а заработи малку пари. Но и порај тоа младите момци ги одбија зделки со големите музички куќи и своето прво ЦД го издадоа преку сопствената мала фирма. Прво музичарите на тој начин ја имаат уметничката контрола над своите произоди, второ големите пари повеќе не се прават со албумите. „Бројките на продадени ЦД - а постојано опаѓаат, сите симнуваат музика од интернет. Многу повеќе пари се прават со концерти."
Compact Disc
Музиката и интернетотФотографија: Bilderbox
Ентер Шикари со своите настапи во живо си направија име. Четворицата момци почнаа да свират во малите клубови, во меѓувреме ги отвараат евроските турнеи на познати бендови, а кога имаат сопствени коцерти салите се полни до последно место. Со заработните пари точно знаат што ќе прават „Момците се многу млади и настапот на бината им претставува задоволство, тоа едноставно веднаш се забележува." Потребно е да се вложи труд Но членовите на бендото точно знаат колку работа ги чини подготовоката на секој концерт „Јасно, секој ја сака да гледа добро шоу, но кога свириме во живо и премногу се внесеме тогаш по концертот телесно сме целосно исцрпени, така што позади бината паѓаме на земја и страв ни е да не добиеме срцев удар поради преголемиот напор.“ Живот во автобус и постојано патување, тоа е единсвената можност на Ентер Шикари за да продолжат по својот пат на успехот. Но бидејќи четворицата момци не се Мадона, и покрај постојаната работа, за нив не е едноставно да врзат крај со крај „Без договор сеуште е тешко да се излезе на крај. Понекогаш мораме многу да штедиме. Се разбира заработуваме повеќе пари од порано, но мораме и многу повеќе да плаќаме. Речиси исто ни доаѓа."