МКГ препорачува име со географска одредница
12 август 2011Скопје треба да го прифати предлогот „Република Северна Македонија“ или слична формула со географска одредница како решение за спорот со името, повикува Меѓународната кризна група, во својот најнов извештај. Од организацијата сметаат дека прифатеното име треба да биде за сите употреби, со што ќе се деблокира приемот на земјата во НАТО и интеграцијата во Европската унија.
Од МКГ препорачуваат Атина да го признае националниот идентитет и јазик на својот северен сосед како македонски.
Во однос на внатрешната политика, МКГ му препорачува на премиерот Никола Груевски да го смири државно спонзорираниот национализам, највидлив во „скапиот и разделувачки проект за обнова на Скопје, изграден околу националистичката визија на стара Македонија“, кој според МКГ е навредлив за малцинствата во земјата и за Грција.
Автор: БГ/ ТТ/ макфакс
Редактор: Александра Трајковска