Мицотакис: Преспанскиот договор има грешки
14 јануари 2022Договорот од Преспа има грешки кои „не можат да се излечат“, но Грција се стреми кон подобри односи со Северна Македонија. Ова го вели грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за грчката телевизија „Антена“, во кое објаснува дека неговата критика за договорот не се однесува на името, туку на македонскиот јазик и македонската етничка припадност, што верува дека е голема грешка.
„Од моментот кога се случи, имаме секаква причина да се стремиме кон најдобри можни односи со Северна Македонија и главно да го прошириме нашето економско влијание. Во моментов Грција повторно станува протагонист на енергетската мапа на Балканот, не само во она што се случува во Грција. Грција е природен извор на влез на енергија кон Балканот и кон централна и источна Европа и имаме за цел максимално да ја искористиме оваа наша улога“, ја пренесува МИА изјавата на Мицотакис.
Тој смета дека треба да започне пристапниот процес на С. Македонија во ЕУ, бидејќи преку тоа Грција „ќе има можност да притисне за спроведување на договорот и да се излечат евентуалните слабости онолку колку што тоа го дозволува правната рамка“.