Мицкоски: Ќе дојде ден кога ќе одговараат
17 јуни 2018Христијан Мицкоски, зборувајќи на протестот во Битола, порача дека на денот кога ВМРО-ДПМНЕ одбележува 28 години од постоењето, Македонија е зафатена од силен ураган:
„Македонија е зафатена од силен ураган со име и презиме Зоран Заев. Имаме Влада која го има епитетот капитулантска... Овој ист човек ја лажеше јавноста дека нема да прифати промена на Устав со цел промена на уставното име. На вакви луѓе дури и Барон Минхаузен може да им позавиди. Ќе го нарекуваме Заев-Минхаузен”, рече Мицкоски пред повеќе од илјада присутни на протестот.
Повеќе: Селцас: Македонците во Грција се радуваат на договорот
Мицкоски најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се спротивстави со сите демократски средства на „капитулацијата што денес ни ја сервираа“ и повтори дека неговата партија нема да поддржи промена на Уставот, со цел промена на уставното име на државата.
„Македонија е името со кое се препознаваме и разликуваме од другите. Тоа е нашиот код... За сѐ ова што сега ѝ го прават на Македонија е дојде денот кога ќе одговараат пред законите и пред народот“, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.