1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Митот за совршените германски автопатишта

Среќко Матиќ
9 февруари 2018

Совршени автопатишта, брзи пруги, сигурни мостови- така странците ја замислуваат Германија. Дотраени патишта, опасни мостови, затворени железнички станици- така Германците ја гледаат Германија. Што е вистина? #DE_facto:

https://p.dw.com/p/2sOyF
Deutschland Autobahnbrücke A1 Leverkusen
Фотографија: picture-alliance/R. Goldmann

Германија премалку вложува во инфраструктурата, во просек само 2% од бруто домашниот производ оди за одржување или изградба на нови сообраќајници или мостови.  Германците порадо штедат одошто инвестираат.

Вкупната висина на државните инвестиции во 2016, значи вложувањата во инфраструктурата, науката, образованието или културата, изнесувала точно една петина од бруто домашниот производ. Можеби делува многу, но не е.

#DE_facto: (Не)совршените автопатишта во Германија

Соседна Чешка, имено, со години вложува меѓу 25 и 30% од БДП. Австрија- 23%, додека само Полска и богатиот Луксембург се нешто поскржави од Германија.  Претераната штедливост на државата загрижува и многу Германци.

Дури 81% од граѓаните сметаат дека, доколку таквиот тренд продолжи, сообраќајниците наскоро ќе пропаднат.

Еден од митовите за Германија е дека улиците во градовите на оваа земја се чисти како во аптека, асфалтирани и солидни.

Посебно е катастрофална и за граѓаните опасна состојбата со мостовите. Од вкупно 39.000 мостови во Германија, само секој четврти е во многу добра или одлична состојба. Две третини од мостовите добиле преодна оценка, додека дури пет отсто не ги задоволуваат безбедносните стандарди.

Marode Rheinbrücke der A 1
Фотографија: picture-alliance/dpa

Се проценува дека за санација на мостовите во Германија се потребни неколку десетици милијарди евра. За патиштата и многу повеќе.

Имено, километар автопат чини меѓу 6 и 20 милиони евра, а може да биде и поскап. Околу три километри од автопатот А100 во Берлин, германската држава го плати речиси половина милијарда евра