1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Конфликти

„Хавански синдром“ и во Виена?

СН/агенции
20 јули 2021

САД ги истражуваат случаите на мистериозни здравствени проблеми кај членови на дипломатскиот персонал во Виена. Пријавените симптоми се слични на т.н. „Хавански синдром“, забалежан кај американските дипломати во Куба.

https://p.dw.com/p/3wicK
Wien  Menschenleere Innenstadt Coronavirus Lockdown
Фотографија: picture-alliance/picturedesk/K. Schöndorfer

Американскиот Стејт департмент соопшти дека ги истражува извештаите за можните необјасниви здравствени тегоби меѓу својот персонал во Виена. Магазинот „Њујоркер“ објави дека околу 20 американски разузнувачки офицери, дипломати и други официјални лица навеле оти доживеале мистериозни проблеми со здравјето.

„Кога станува збор за Виена, во координација со нашите меѓуресорски партнери енергично ги истражуваме извештаите за можните необјасниви здравствени инциденти меѓу тамошната (американска) заедница во амбасадата“, рече портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, на конференцијата за новинари.

USA PK Ned Price
Фотографија: Nicholas Kamm/AP Photo/picture alliance

Случаите во Виена првпат на виделина излегоа во петокот, на 16 јули во магазинот „Њујоркер“, а подоцна ги потврди Стејт департментот. Американскиот државен секретар Антони Блинкен уште во јуни најави широка проценка за причина на болеста. Пријавените симптоми се слични на „Хавана синдромот“ за кој сѐ уште не е утврдена дефинитивната причина, но за кој амерканските научници велат дека веројатно е предизвикан поради насочено микробраново зрачење.

Повеќе:

-Мистериозна болест кај канадски дипломат на Куба

-Загонетни звучни напади: САД повлекува дипломати од Куба

Откако во јануари претседателот Џо Бајден ја презеде должноста, над 20 претставници на американската дипломатија во австрискиот главен град пријавија симптоми слични на „Хавана синдромот“. Случи со таква состојба беа забележани и во други делови во светот, но американските претставници велат дека бројките во Виена се поголеми за разлика од кој било град освен во Хавана.

Синдромот првпат е забележан на Куба во 2016 и 2017 година, кога американски и канадски дипломати се пожалија на низа симптоми како вртоглавица, губење на рамнотежа, губење на слухот и анксиозност, па сѐ до нешто што го опишаа како „когнитивна магла“.

Kuba US-Botschaft
Фотографија: Reuters/A. Meneghini

САД ја обвинија Куба за извршување на „сонични напади“, што Хавана остро го демантираше, а инцидентот доведе до засилени тензии меѓу двете нации. Американската академска студија во 2019 година, открила „абнормалност на мозоците“ кај дипломатите кои се разболеле. Истражувачите напишаа дека тегобите би можеле да бидат поврзани и со пестициди.  Куба го отфрли овој извештај.

Точната причина и натаму е нејасна. „Не е познато дали овие инциденти се некаков вид напад или што се крие зад нив“, изјави во понеделникот портпаролката на Белата куќа Jен Псаки.