1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мировниот план на Трамп - ни план, ниту мировен

Рајнер Золих
29 јануари 2020

Предложеното решение на претседателот на САД за Блискиот Исток е тесно поврзан со израелските интереси и целосно ги игнорира барањата на Палестинците. Тоа нема да стави крај на конфликтот во регионот, смета Рајнер Золих.

https://p.dw.com/p/3Wxep
USA Washington Weißes Haus | Benjamin Netanjahu, Israel & Donald Trump, Präsident | Friedensplan Nahost
Фотографија: Getty Images/AFP/M. Ngan

Израелско-палестинскиот конфликт беснее со децении. Ни војните, терористичките напади, востанијата, меѓународните и мировните договори не променија ништо во тој поглед. Постои длабока недоверба помеѓу двете страни, и практично никаква волја да се постигне каков било историски компромис за мир.
Во светло на ваквото статус-кво, најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за нов план , кој треба да донесе поместување, можеше да биде причина за претпазлив оптимизам.

Но не е. Трамп баш и не е познат по визионерски мировни планови. Па оттука, без големо изненадување, неговиот план за решавање на израелско-палестинскиот конфликт не нуди нови идеи или решенија. Напротив. Она што Трамп го нарекува „договор на векот“ е всушност политички диктат, и обид да им се наметнат идеите на Трамп на Палестинците.

Таканаречениот план на Трамп во најголем дел им удоволува на израелските безбедносни интереси, освен неколку ситни симболични отстапки за Палестинците. Палестинците, кои не беа ни консултирани за планот, ќе бидат јасни губитници доколку предлогот биде имплементиран. Тие ќе загубат региони кои се под израелска окупација или под контрола на доселеници - иако тие земји им припаѓаат според меѓународното право.

Sollich Rainer Kommentarbild App
Рајнер Золих

Планот на Трамп предвидува независна палестинска држава, иако таа ќе мора да биде потчинета на израелските безбедносни интереси и целосно демилитаризирана. Ерусалим треба да стане главен град на Израел - како што Трамп веќе најави во 2017 година - а Палестинците ќе можат да добијат некои источни населби како свој „иден главен град“.

Трамп вели дека неговиот план е веројатно последната шанса за Палестинците да добијат своја држава. Но планот на Трамп нема да создаде две еднакви држави, туку ќе ги стави Палесинците во потчинета позиција.

Овој пристап е неморален и деградирачки затоа што неправедно ја фаворизира посилната страна. Но пристапот е многу опасен и затоа што практично им дава на Израелците одврзани раце да анектираат нови палестински територии.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе биде среќен со планот на Трамп - ретко кога некој израелски лидер добил таква отворена поддршка од Вашингтон. Тоа би можело да му помогне во изборната кампања и да го сврти вниманието од корупцискиот скандал во кој е обвинет.

Од арапскиот свет и муслиманските земји се очекуваат жестоки критики, иако дел од нив нема да бидат искрени. Екстремистите, во меѓувреме, со задоволство ќе го инструментализираат овој план за да оправдаат терористички напади и да го засилат насилството. Ништо од тоа нема да донесе мир на Блискиот Исток.