1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Милиони муслимани го започнаа аџилакот во Мека

БГ
30 август 2017

Саудиска Арабија пречекува муслимани од целиот свет на најголемиот светски собир на почетокот на верскиот ритуал. Годинешниот аџилак има и големо политичко значење.

https://p.dw.com/p/2j4C0
Haddsch Islamische Pilgerfahrt nach Mekka | Kabaa, Große Moschee
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/K. Hamra

Околу два милиона муслимани од целиот свет денеска пристигнуваат во најсветото место на исламот - Мека во Саудиска Арабија за годишниот аџилак. Како еден од петте столбови на исламот, секој муслиман кој е во можност треба да го изврши петдневниот ритуал барем еднаш во текот на својот живот.

Годинава, аџилакот доби на политичка тежина откако саудискиот крал одлучи да им додели визи на сите аџии од ривалот Катар, и притоа ќе ги плати и нивните трошоци. Дополнително, годинава ќе се вратат и аџиите од Иран, по едногодишната пауза. Иран одлучи да не испраќа свои граѓани во Мека по смртоносното стампедо од 2015 година и судирот со Саудиска Арабија поради егзекуцијата на еден шиитски свештеник.
Повеќе од 100 илјади припадници на безбедносните служби годинава ќе се грижат за безбедноста на аџиите.

Властите тврдат дека се преземени сите мерки за да се спречат инциденти и стампеда како она во 2015 година, во кое загинаа повеќе од 2.000 луѓе.