Меѓународната лига на хуманисти му доделува награда на Киро Глигоров
20 септември 2007Реклама
Поранешниот македонски претседател Киро Глигоров денеска во Сараево треба да ја прими наградата на Меѓународната лига на хуманисти – Државник на столетието. Наградата се доделува како признание за неговиот придонес во изградбата на мирот и разбирање меѓу народните и државите.
Покрај поранешниот претседател Глигоров, добитници на ова високо признание се и поранешните претседатели на Чешка Вацлав Хавел и на Словенија Милан Кучан како и актуелниот хрватски претседател Стипе Месиќ.